Какво значење има капелата „Св. Џорџ“, каде што ќе биде погребана кралицата Елизабета


  Изградба на капелата „Св. Џорџ“ започна во 1475 година и беше завршена во 1528 година за време на владеењето на кралот Хенри VIII, според официјалната веб-страница на кралското семејство. Капелата ќе служи како последно почивалиште на кралицата Елизабета по нејзината погребна служба во Вестминстерската опатија во понеделник, 19 септември. Следејќи ја поворката од Вестминстерската […]

Левица тврди: Владата го зголеми прагот на задолжување до 75 отсто


Владата го озакони должничкото ропство со новиот Закон за буџети, тврди политичката партија Левица. Според неа, со овој потег прагот на задолжување ќе стигне до критични 75% од номиналниот проектиран БДП -Деновиве владата на СДС и ДУИ го усвои новиот Закон за буџети, со кој државата дополнително се втурнува во должничко ропство. Со усвоените фискални правила, […]

Пензионерите на крајот од месецот ќе добијат околу 7 проценти покачување на пензиите


  Пензионерите на крајот од месецот ќе добијат околу седум проценти покачување, усогласување на пензиите соглансо новата методологија која ја донесовме во март 2022, односно усогласување 50 проценти од трошоците на живот и 50 проценти во однос на просечната плата, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во Штип одговарајќи на прашање. […]

Дизелот поевтинува за три денари


  Дизелот од полноќ поевтинува за три денари, а цената на бензините останува иста. Се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство за денар и половина, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на дизелот ќе биде 92 денари за литар, додека литар Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава по цена […]

Норвешка ќе донира 6,8 милиони евра за нов АКМИС систем


Норвешка, заедно со други донатори е подготвена да инвестира 6,8 милиони евра за што побрзо, посоодветно и поцелосно искористување на информатичката технологија. Ова е истакнато на денешната средба на членовите на Судскиот совет на Република Северна Македонија со членовите на норвешкиот Судски совет. Како што информираат од прес-службата на Судски совет, претседателката на Судскиот совет, […]

Што ќе се случи со „Гаспром“ ако ЕУ се откаже од рускиот гас?


Експертите предвидуваат дека на долг рок „Гаспром“ би можел да се претвори во компанија без големи приходи од извоз, фокусирајќи се главно на домашниот пазар. На 31 август, непосредно откако Русија го прекина снабдувањето со гас за гасоводот Северен тек 1, цените на акциите на државниот енергетски гигант Газпром пораснаа за 35 отсто, според Московската […]

Руската инвазија на Украина е оправдана, изјави Милорад Додик


  Членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, ја оправда руската инвазија на Украина во интервју за руската државна агенција Тасс. Во пресрет на неговите разговори со Владимир Путин утре во Москва, Додик коментираше дека долги години Западот не реагирал на, како што рече, истребувањето на руското население во Украина, и тврди дека во Донбас […]

Нема повредени во бараките што гореа, ќе се испитува чие е земјиштето


Пожарот во бараките кај „Билната аптека“ е локализиран, а во него е причинета материјална штета и нема повредени. Опожарени се околу 300 метри квадратни, а според командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески, нема повредени лица во пожарот. -Во моментот нема лица внатре, нема повредени. Опожарени се околу 300 метри квадратни, отежнувачки фактор […]

Тринаесет лица загинаа во гранатирањето на окупираниот град Донецк


  Тринаесет лица загинаа во артилериско гранатирање во понеделникот во источноукраинскиот град Доњецк, кој е под контрола на сепаратистите, изјави градоначалникот на градот поддржан од Русија. Ројтерс објави дека во изјава објавена на апликацијата за месинџер Телеграм, сепаратистичкиот градоначалник на Донецк, Алексеј Кулемзин, рекол дека 13 цивили, меѓу кои две деца биле убиени во нападот […]

Нуредини: Ако се грееме со сè што е можно, ќе ги загадуваме нашите деца


 Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини упати апел во грејната сезона граѓаните да не употребуваат штетни материјали за греење за да се избегне загадувањето на воздухот. Апелот е по новинарско прашање како ќе се справи власта со оваа потенцијална опасност поради се повисоките цени на ресурсите за кои се користат за затоплување на простории. -Тоа не […]

Тренчевска: Со домаќинско работење градинките ќе имаат пари да ја менаџираат зимската сезона


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска во Штип изјави дека доколку градинките работат домаќински, ќе имаат средства добро да ја менаџираат зимската сезона. – Градинките плаќаат електрична енергија како домаќинствата, значи не плаќаат индустриска струја. Обврска на МТСП е да обезбедува блок дотации за платите на сите вработени во градинките и дел […]

Кина: Се преврте автобус што носеше луѓе во карантин за ковид, загинаа 27 лица


  Гнев се разгоре меѓу корисниците на социјалните мрежи во Кина, откако 27 лица загинаа кога автобус што ги превезуваше во карантински објект за Ковид-19 доживеа несреќа во југозападната провинција Гуижоу. Бидејќи милиони Кинези сè уште се под строги ограничувања благодарение на строгата стратегија на Пекинг за нулта-ковид, смртните случаи во раните утрински часови во […]

Сè поголем ризик од рецесија во еврозоната


  Ризикот од рецесија во еврозоната достигна највисоко ниво од јули 2020 година, затоа што расте загриженоста дека зимската енергетска криза ќе предизвика пад на економските активности. Економистите кои ги анкетираше Блумберг, сега ја проценуваат веројатноста за контракција во два последователни квартали на 80 отсто во наредните 12 месеци, во однос на 60 проценти во […]

Во тек нова постапка за избор на надзор за автопатите што ќе ги гради „Бехтел и Енка“


  По заокружувањето на новата постапка за избор на надзор и консултант за автопатите што ќе ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“, подготвителните работи се очекува да завршат до крајот на годината, а по проектирањето и експропријацијата во текот на следната година да има работа на терен, информираше денеска министерот за транспорт и врски Благој […]

Млечна криза чука на врата, пелагониските сточари си ги бараат субвенциите


  БИТОЛА – Пелгаонскиските сточари го засилија притисокот врз властите околу неисплатените субвенции и најавија дека е можна млечна криза. „Влегуваме во опасна млечна криза, од која нема излез, бидејќи ќе нема од каде да се купи млекото. Затоа апелираме во Владата и Министерството за земјоделство до крајот на месецот да ни ги исплати заостанатите […]

Финската енергетска компанија пред банкрот поради високите цени на струјата


Финската компанија за електрична енергија „Карху Воима“ денеска соопшти дека поднела барање за стечај поради големото поскапување на струјата, со што нивниот бизнис е нерентабилен. Компанијата наведе дека пред оваа одлука разгледувале различни опции за подобрување на состојбите, меѓу кои и спојување со матичната компанија „КШ Енерџи“, но дека и таквиот потег нема да биде […]

Скринингот продолжува во Брисел, се најавува стратегија за реформа на јавната администрација


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ, денеска во своето воведно излагање на објаснувачкиот скрининг за реформа на јавната администрација, истакна дека оваа област ќе биде важна за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ и уште еден предизвик во кластерот Темели. – Во периодот пред нас […]

Ретките карциноми и не се така ретки, регистерот на карционими во државата на незадоволително ниво


Регистрацијата на карциноми во Северна Македонија е на незадоволително ниво, поради тоа сè уште не постојат конкретни податоци околу бројот на заболени лица со гинеколошки карциноми во државава. Ова беше истакнато на денешната прес-конференцијата по повод Светскиот ден за гинеколошките карциноми, што се одржа во Деканатот на Медицинскиот Факултет во Скопје, а на која учествуваа […]

Во повеќе хрватски училишта синоќа стигнале дојави за бомби


  Ноќеска по полноќ во полицијата во Хрватска примени се дојави за можно загрозување на безбедноста на граѓаните во однос на образовни институции на подрачјето на Бјеловар, јавија од таму. Полицијата ги презела сите мерки и ги проверила објектите и утврдила дека се работи за лажна дојава. Се утврдува кој стои зад повикот. Имнео, неофицијално […]

Обвинение за кандидат за уставен судија на ВМРО-ДПМНЕ


Од Обвинителството предмалку објавија дека е поднесено обвинение за поранешен обвинител од Охрид поради застарување на 14 предмети. „Фокус“ неофицијално дознава дека станува збор за екс обвинителот Воислав Димоски, кој беше кандидат за уставен судија предложен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, но не доби поддршка од останатите пратеници.   -Обвинетиот, во периодот од 19 ноември 2013 година […]