Какво значење има капелата „Св. Џорџ“, каде што ќе биде погребана кралицата Елизабета


 

Изградба на капелата „Св. Џорџ“ започна во 1475 година и беше завршена во 1528 година за време на владеењето на кралот Хенри VIII, според официјалната веб-страница на кралското семејство.

Капелата ќе служи како последно почивалиште на кралицата Елизабета по нејзината погребна служба во Вестминстерската опатија во понеделник, 19 септември.

Следејќи ја поворката од Вестминстерската опатија до „Св. Џорџ“кралицата ќе биде приватно погребана во меморијалната капела на кралот Џорџ VI.

Откако почина во април 2021 година, ковчегот на принцот Филип беше погребан во кралскиот свод – комора под капелата „Св. Џорџ“, каде се погребани 24 членови на кралското семејство, напиша „Метро“.

Ковчегот на принцот Филип ќе биде преместен и поставен веднаш до тој на кралицата, веднаш по погребот.

Капелата е историско место за кралското семејство

Кралицата Елизабета Втора ја нарача капелата за нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести, бидејќи тој не сакал кралскиот свод да биде неговото последно почивалиште, пишува „Дејли меил“. Тоа беше првото дополнување на капелата од 1504 година.

По смртта на кралот Џорџ Шести во 1952 година, неговото тело беше преместено од кралскиот свод во капелата откако беше завршена во 1969 година.

Мајката на кралицата Елизабета Втора беше погребана во капелата откако таа почина во 2002 година. Пепелта на нејзината сестра принцезата Маргарет – која почина само неколку недели пред нивната мајка – исто така е погребана во капелата.

Дедото на кралицата Елизабета Втора, кралот Џорџ V, беше погребан во капелата „С. Џорџ“, како и неговата сопруга кралицата Марија.

Погребот на кралот Џорџ Петти во 1936 исто беше во капелата

Членовите на кралското семејство патуваа во капелата „Св. Џорџ“ секоја велигденска недела за да присуствуваат во црква со кралицата, се наведува на официјалната веб-страница на кралското семејство.

Кралот Чарлс Трети и Камила, сега кралица придружничка одржаа богослужба во капелата по нивната венчавка во 2005 година.