Во повеќе хрватски училишта синоќа стигнале дојави за бомби


 

Ноќеска по полноќ во полицијата во Хрватска примени се дојави за можно загрозување на безбедноста на граѓаните во однос на образовни институции на подрачјето на Бјеловар, јавија од таму.

Полицијата ги презела сите мерки и ги проверила објектите и утврдила дека се работи за лажна дојава. Се утврдува кој стои зад повикот.

Имнео, неофицијално се дознава дека дојавата стигнала на маил, а се заканувале дека во одредени училишта се поставени бомби.

Полицијата вели дека во вакви ситуации на прво место е безбедноста на учениците, па се бара помош и од Загреб, а јавено е секаде, за да може што побрзо да се отклучат и проверат зградите.

Директорка на едно од училиштата вели дека ѝ се јавиле во 2.30 ноќеска, и дека проверката на трите згради во нејзиното училиште траела до 4.30 часот.

„Стресно и непотребно. Во секој случај, се надеваме дека ќе се најде сторителот“, коментира директорката, која прв пат се соочува со ваква закана.