200 дена на руската инвазија преку видео мапа од ден во ден


  Од 1 септември руската инвазија на Украина доби поинаква димензија со ослободување на 8.000 квадратни километри околу Харков на исток и кај Херсон на југ. Еве извонреден приказ преку промените на тероториите што го освои Русија од 24 февруари а потоа беше приморана да ги напушти со десјцтвувањето на украинската армија. The first 200 […]

Пендаровски и сопругата во Вестминстер ѝ оддадоа почит на кралицата Елизабета Втора


  Претседателот на државата, Стево Пендаровски на својот Фејсбук профил објави дека тој и сопругата Елизабета ѝ оддале почит на починатата британска кралица Елизабета Втора. Ковчегот на кралицата Елизабета Втора е поставен во Вестминстерската сала покрај кого со денови поминуваат милиони луѓе. „Со Бети оддадовме почит на посмртните останки на кралицата Елизабета Втора, пред утрешната […]

Славната Кејт Винслет се повреди при снимање во Купари кај Дубровник


  Прославената англиска филмска ѕвезда, оскаровката Кејт Винслет денеска заврши во болница во Дубровник поради повреда на снимањето, пишува „Дубровачки вјесник“. Таа е снимена како доаѓа во болница во придружба на неколку луѓе, а наводно ја повредила ногата на снимањето во Купари. Засега не е познато за каква повреда станува збор и дали актерката направила […]

Досега 165 бродови однеле жито од украинските пристаништа


  Вкупно 165 бродови ги напуштија украинските пристаништа од спроведувањето на договорот за жито со Украина, соопшти во неделата Министерството за инфраструктура на земјата преку Фејсбук. „На 18 септември десет бродови со 169,3 илјади тони земјоделски производи за земјите од Африка, Азија и Европа треба да тргнат од пристаништата Одеса, Чорноморск и Јужни“, соопшти Министерството. […]

Славната руска пејачка Ала Пугачова бара од властите да ја прогласат за „странски агент“


   Славната советска и руска пејачка Ала Пугачова на социјалните мрежи објави „апел до Министерството за правда на Руската Федерација“, во кој бара да биде запишана „во редовите на странските агенти на нејзината сакана земја“. Пугачева рече дека е солидарна со нејзиниот сопруг Максим Галкин, „чесен, пристоен и искрен човек, вистински и некоруптивен патриот на […]

Во Непал и Индија 48 загинати во монсунските дождови


Во Непал и Индија 48 лица загинаа во монсунските дождови и лизгање на земјиштето, соопштија денеска властите на двете земји.   Во западен Непал, 22 лица загинаа во лизгање на земјиштето кое затрупа околу 100 куќи, соопшти локалната полиција, додавајќи дека 11 лица се повредени.   Во соседна Индија 26 лица загинаа во монсунските дождови […]

Реал сака да организира меч Федерер – Надал на обновениот Бернабеу во 2023 година


Реал Мадрид сака да организира натпревар помеѓу Роџер Федерер и Рафаел Надал на реновираниот стадион „Сантијаго Бернабеу“. Според „As“, мадридскиот клуб планира да организира ревијален натпревар кога ќе завршат работите на стадионот во летото 2023 година. Монтажната трева ќе му овозможи на Реал Мадрид да постави каква било подлога потребна за настани од секаков вид. […]

Лондон се подготвува за пристигнување на милион луѓе за погребот на Елизабета Втора


Лондонските транспортни власти соопштија дека се подготвуваат за пристигнување на околу еден милион луѓе за државниот погреб на кралицата Елизабета Втора. Началникот на транспортната служба, Енди Бајфорд, рече дека од смртта на кралицата на 8 септември, „јавниот превоз во британската престолнина почна да опслужува огромен број нови патници, но утре се очекува максимумот“. Во целата […]

Бугарија и Македонија не постигнаа договор за цената на струјата


  Бугарија и Северна Македонија не успеаја да постигнат договор за цената на струјата што бугарските производители треба да ја извезат во Скопје, објави БНР. Како што јави дописникот на МИА, работна група од Северна Македонија престојуваше во Софија. На состанокот учествуваа директорите на македонските енергетски компании – Васко Ковачевски од АД ЕСМ и Орхан […]

ЕК предлага делумна суспензија на ЕУ парите за Унгарија, треба зелено светло од Советот


  Најавен како бомбастична санкција против Будимпешта, предлогот за суспензија на ЕУ парите поради загрозување на буџетот на Унијата се однесува на третина од кохезивните фондови, јави дописничката на МИА од Брисел. Предлогот за делумна суспензија на фондовите за Унгарија поради непочитување на владеењето на правото ја презентираше денеска во Брисел еврокомесарот за буџет, Јоханес Хан. Имено, одлуката за суспензија на […]

Лондон: Русија најверојатно ќе ги интензивира нападите врз цивилни цели во Украина


  Британското Министерство за одбрана денеска предупреди дека најверојатно Русија како што ќе трпи воени порази ќе ги интензивира нападите врз цивилни цели. Според Лондон, Русија изминатите седум дена ги интензивира нападите врз цивилната инфраструктура, дури и во местата каде тоа нема некое воено значење. – Бидејќи се соочува со порази на фронтот, Русија најверојатно ќе го прошири бројот […]

Силниот земјотресот на Тајван предизвика материјална штета


  При денешниот земјотрес што го го погоди источниот дел на Тајван, во Јули се урна продавница, а спасувачите спасија повозрасна брачна двојка. Спасувачите се обидуваат од под урнатините да извлечат 39-годишна жена и нејзината петгодишна ќерка. При земјотресот три лица паднале од мостот Гаолоаи. Тие се спасени и се хоспитализирани. Земјотрес со интензитет од […]

ВМРО-ДПМНЕ го обвини Ковачевски дека „дезертирал“ од Армијата во 2001


  Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека, според информациите со кои располагале, премиерот Димитар Ковачевски го избегнал служењето на воениот рок во 2001 година со образложение дека бил „неспособен“. „Според информациите кои стигнаа до нас, премиерот Ковачевски свесно го избегнал служењето на воениот рок и тоа токму во периодот на воениот конфликт во 2001 година, односно […]

Светските лидери на пат за Лондон за погребот на кралицата Елизабета Втора


  Илјадници полицајци, стотици војници и армија функционери ги направија последните подготовки во неделата за државниот погреб на кралицата Елизабета Втора – спектакуларен приказ на национална жалост што ќе биде и најголемиот собир на светските лидери многу години наназад. Американскиот претседател Џо Бајден и други државници пристигнуваат во Лондон на погребот, на кој се поканети […]

Планинар (60) почина од инфаркт искачувајќи го Кораб


Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека утрово 60-годишен член на група од 18 планинари добил инфаркт и починал. Несреќата се случила додека групата се движела по планинска патека на повисоките делови од Кораб, на еден километар над полициската станица Стезимир. Случајот го пријавил планинар кој дошол до полициската станица зашто во таа област […]

Порано светските лидери го чекаа Путин, сега тој ги чека нив


  Од 15 до 16 септември, рускиот претседател Владимир Путин престојуваше во Самарканд, каде што учествуваше на Советот на шефови на држави на Шангајската организација за соработка. За време на патувањето, Путин се сретна со лидерите на Кина, Турција, Иран, Индија и други азиски земји. Односите со нив за Русија станаа многу поважни од претходно […]

Македонците во Албанија бараат формирање на уште две општини


  Македонското друштво „Илинден“ од Тирана достави барање до претседателката на албанскиот парламент Линдита Никола, со кое од име на Македонците се бара формирање две општини Голо Брдо и Гора. Ова барање доаѓа за време на расправата на специјалната комисија за територијална поделба, а барањето е врз основа на „Законот за заштита на националните малцинства во […]

Ковачевски ќе оди на Генералното собрание на ОН


  Претседателот на Владата Димитар Ковачевски во придружба на сопругата, од 19 до 24 септември ќе ја предводи владината делегација која ќе учествува на Генералната дебата на 77. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. Во состав на владината делегација се министерот за надворешни работи Бујар Османи, постојаниот претставник на  Македонија во ОН, Љубомир Фрчкоски, […]

Кина го загуби делфинот од реката Јангце. Климатските промена ќе земат уште видови


  Тие ја нарекоа „Божица на Јангце“ – суштество толку ретко што се веруваше дека им носи среќа и заштита на локалните рибари и на сите оние кои имаат среќа да го забележат. Но, прекумерниот риболов и човечката активност го доведоа до работ на истребување и не е видено со децении. „Бајџи, или делфинот на […]

СДСМ: „Шпицниот градоначалник Мицкоски да не се крие зад лаги“


  СДСМ ги отфрли тврдењата дека неговиот лидер Димитар Ковачевски имал средба со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и побара „шпицниот градоначалник Мицкоски да не се крие зад лаги“. „Секогаш кога се фатени со ‘рачињата во медот’ Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ преку нивните дежурни курири пласираат невистини и лажни вести во надеж дека ќе го покријат […]