Славната Кејт Винслет се повреди при снимање во Купари кај Дубровник


Кејт Винслет доаѓа во дубровничката болница

 

Прославената англиска филмска ѕвезда, оскаровката Кејт Винслет денеска заврши во болница во Дубровник поради повреда на снимањето, пишува „Дубровачки вјесник“.

Таа е снимена како доаѓа во болница во придружба на неколку луѓе, а наводно ја повредила ногата на снимањето во Купари.

Засега не е познато за каква повреда станува збор и дали актерката направила некакви тестови.

Весникот пишува дека познатата актерка најпрвин пристигнала на влезот на Ургентниот унифициран болнички прием, а потоа отишла на задниот влез на дубровничката болница.

Винслет веќе се вратила на сетот во Купари, каде во урнатините на стариот хотел „Гранд“, моментално се снима филм за животот на Ли Милер, воен фотограф на магазинот „Вог“ за време на Втората светска војна.

Заедно со Кејт Винслет, во филмот глумат и Џад Лоу и Марион Котијар.