СДСМ: „Шпицниот градоначалник Мицкоски да не се крие зад лаги“
СДСМ ги отфрли тврдењата дека неговиот лидер Димитар Ковачевски имал средба со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и побара „шпицниот градоначалник Мицкоски да не се крие зад лаги“.
„Секогаш кога се фатени со ‘рачињата во медот’ Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ преку нивните дежурни курири пласираат невистини и лажни вести во надеж дека ќе го покријат скандалот.
Проблемот овој пат им е поголем, затоа што самите се фатија, се скараа за пари и тендер вреден 136 милиони евра а институциите веќе го истражуваат случајот.
Нека не се крие шпицниот градоначалник Мицкоски зади лаги. Немало средби на Ковачевски и Зечевиќ со нивната кандидатка а потоа и избрана градоначалничка Данела Арсовска.
Ниту во четврток, ниту некогаш имало средба на Зечевиќ и Ковачевски со Арсовска.
Паника на бродот ‘Баунти’. Фатени со рачињата во медот прилично е очајно ова однесување на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски.
Ниту може шпицниот кандидат Мицкоски да се сокрие ниту пак да ја префрли топката онаму каде што не и е место.
Шпицниот градоначалник Мицкоски наместо да се крие од јавноста да излезе и да каже која е неговата поврзаност со тендерот тежок 136 милиони евра?“, велат од СДСМ.