Промоција на изданието на Државниот архив – „Нико Зупанич и Македонија во 1903 година“ од Виктор Габер


 

Во НУ Музеј на македонската борба денеска ќе биде промовирано изданието на Државниот архив – „Нико Зупанич и Македонија во 1903 година“ од м-р Виктор Габер.

Оваа студија претставува осврт на темата Македонија и Македонците во преодот од 19 и 20 век од страна на антропологот и етногеографот со словенечко потекло Нико Зупанич (1876 – 1961). Во неа се обработуваат аспекти на етнокултурниот супстрат на македонското население и развојот на македонското национално чувство во посочениот период.

Како што е најавено, модератор на настанот е амбасадорот Огнен Малески, а ќе говорат директорот на Државниот архив, Емил Крстески, амбасадорот на Република Словенија во Скопје, Милан Предан и проф. д-р Ирена Стефоска.