Шекспир на украински начин: „Кротењето на опаката“ ја отвора интернационалната драмска програма на „Охридско лето“


  Киевскиот академски регионален музички и драмски театар „П.К. Саксагански“ со Шекспировата „Кротењето на опаката“ вечер ќе настапи на „Охридско лето“ во рамки на драмскиот дел од фестивалската програма. Режијата е на Викторија Шевченко. Дел од актерската екипа денеска на прес-конференција изнесоа детали за претставата, но и начинот на работа во услови на војна. Раководителот […]

Новата службена влада на Бугарија е со лојалисти на претседателот Радев


  Претседателот на Бугарија, Румен Радев, денеска го соопшти составот на новата службена влада (трета за 15 месеци) во која на повеќето министерски места се наоѓаат луѓе со кои тој, на овој или на оној начин има блиски политички односи. Премиер на службената влада е Галаб Донев, кој е дел од администрацијата на претседателот.  Донев […]

Албанија и Шпанија со заеднички групи за истрага на организираниот криминал


    Албанија – Албанија и Шпанија потпишаа  договор за формирање заеднички групи за истрага во областа на борбата против меѓународниот организиран криминал, со помош на инструменти на полициско разузнавање и истрага.  Документот го потпишаа министерот за внатрешни работи на Албанија, Бледи Чучи и шпанскиот амбасадор Алваро Ренедо Залба, во присуство на премиерите на двете земји, Еди […]

Бредли Купер и Хума Абедин се создадени еден за друг, тврди астролог


  САД- Бредли Купер и Хума Абедин  се двојка во фокусот на јавноста. Според Page Six, актерот и режисерот на A Star Is Born и долгогодишната помошничка на Хилари Клинтон се во врска веќе неколку месеци. И Бредли и Хума присуствуваа на Мет Гала 2022 година во Њујорк во мај. А извор изјави за Page […]

Втора свадба на Борис Џонсон и Кери – славеа со семејството и пријателите во природа


  Англија– Повеќе од една година по нивната тајна свадбена церемонија, британскиот премиер во оставка Борис Џонсон (58) и неговата сопруга Кери (34) организираа втора прослава со своите пријатели и семејството. Забавата се одржа во Дејлсфорд Хаус во Котсволдс, имот од 1.500 хектари со луксузна селска куќа  , оранжерија, овоштарник во облик на срце, тајна […]

ВМРО-ДПМНЕ се чуди: Пендаровски ретерирал и водел антимакедонска политика


  Откако го славеа два дена како заштитник на народот, Христијан Мицкоски беше „пријатно изненаден“ од ставот на Стево Пендаровски околу референдумот, претседателот на државата пак од ВМРО-ДПМНЕ е оценет дека води антимакедонска политика. Денешната реакција доаѓа откако Пендаровски вчера за Канал 5 изјави дека нема разбирање за референдумот на ВМРО-ДПМНЕ. „Пендаровски веќе сериозно го […]

Зошто Елон Маск лансира илјадници сателити во орбитата?


Компанијата на Елон Маск, „Спејс икс“, во орбитата лансираше илјадници сателити. Многумина велат дека ги виделе на небото. Сателитите се дел од проектот „Старлинк“, чија цел е пружање интернет услуги од вселената до оддалечените места на Земјата. „Старлинк“ пружа интернет услуги по пат на огромна мрежа сателити и наменет е за луѓето кои живеат во […]

Комерцијална банка со нови цени на услугите: Еве колку ќе ве чинат трансакциите преку шалтер


Почнувајќи од денес, 01.08.2022, Банката ќе изврши измена на следните надоместоци за трансакции кои се вршат преку шалтерите: Уплати во готово од физички лица во корист на сметки во други банки и во корист на сметки на физички и правни лица во Банката и плаќање на сметки за режиски трошоци Налог од 0,00 – 5.000,00 […]

По 350 години, морето го предаде раскошното богатство на потонатата шпанска галија


  Тоа беше шпанска галија натоварена со богатства толку раскошни што нејзиното потонување кај Бахамите во 1656 година предизвика бројни обиди за спасување во следните 350 години. Така, кога неодамна беше лансирана уште една експедиција, малкумина помислија дека може останало нешто – но извонредните приврзоци обложени со накит и златни синџири се меѓу спектакуларните наоди […]

До крајот на неделава сончево и топло до 39 степени


  Следува период на претежно стабилно и топло време со постепен пораст на дневните температури, соопшти УХМР. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Минималните температури до крајот на неделава ќе бидат во интервал од 10 до 23 степени, а максималните дневни од 30 до 39 степени.

Дизелот поскапува за 1,5 денар, цените на бензините остануваат исти


  Од ноќеска на полноќ, дизелот поскапува за 1,5 денар и ќе чини  95,5 денари, а цените на бензините остануваат исти, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Според РКЕ, за 0,5 денари се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство, додека мазутот поскапува за 0,503 денари. ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе […]

Германија ги става во функција термоелектраните на јаглен


Во Германија како дел од мерките за заштеда на гас, се рестартира првата термоцентрала на јаглен, која веќе беше исклучена, јавува Федералната агенција за мрежна инфраструктура. Електраната Мехрум во Долна Саксонија, во сопственост на чешкиот концерн ЕПХ, е првата електрана што е реактивирана откако федералната влада ги усвои законските измени во средината на јули, кои […]

Франција ги укина правилата за Ковид за луѓе кои пристигнуваат во земјата


 Франција денеска ги укина правилата за влез во земјата, воведени поради пандемијата на коронавирусот, јави ДПА. Веќе не е потребно оние кои пристигнуваат во Франција од странство да имаат документ за вакцинација или негативен тест за ковид, а оние кои пристигнуваат од ЕУ да докажат дека неодамна прележалеКовид. Доколку се појават нови опасни варијанти на […]

Џеј Ло ја има најпосакуваната чанта – „Пикник Кели“ на Хермес ја „прошета“ во Париз


  Франција– На последниот ден од нејзиниот париски меден месец, семеен одмор со Бен Афлек и нивните деца, Џенифер Лопез излезе од Хотел де Кријон не со својот нов сопруг под раката, туку со нешто што изгледаше како ново купување во Хермес: многу редок, многу посакуваниот модел „Пикник Кели“  од 35 см.  И иако таа […]

КФОР е подготвен да интервенира доколку е загрозена безбедноста на северот на Косово


  Косово – НАТО оцени дека севкупната безбедносна ситуација на северот на Косово е тензична и дека воената алијанса е подготвена, во согласност со својот мандат, да интервенира доколку е загрозена стабилноста. „Нашата мисија  КФОР е целосно фокусирана да задржи безбедна средина и слобода на движење за сите граѓани на Косово. “ се вели во соопштението […]

Нишел Николс, легендарната Ухура од „Ѕвездени патеки“ почина на 89 години


САД- Американската актерка Нишел Николс, која се прослави како поручничката Ниота Ухура во оригиналната серија „Ѕвездени патеки“, почина на 89 години. Николс ги урна бариерите со оваа улога, станувајќи една од првите црни актерки во САД која играше лик со авторитет. Подоцна беше ангажирана од НАСА како амбасадорка за да охрабрува жени и Афроамериканци да […]

Нека се гради мост, но ставете тунел за да не се затвори целосно кејот кај Карпош


Во скопската населба Карпош, на потегот кај карпата започнува изградба на сообраќаен мост кој ќе ги поврзува двете страни на реката Вардар и кој ќе претставува брза врска помеѓу Карпош, на една страна и Бардовци и Злокуќани на друга. Здружението за трчање, пливање, велосипедизам, дуатлон и триатлон 091РАНКРУ Скопје, во целост ја подржува иницијативата за […]

Јовески контра Русковска: Во случајот со Финансиската полиција има намерни пропусти


  Претресот во Финансиската полиција, а потоа острите пораки што ги разменуваа меѓу себе Арафат Муареми и Вилма Русковска, доведе до вмешување на државниот обвинител по поднесената претставка. Љубомир Јовески определи двајца обвинители да го испитаат целиот случај и од нивниот извештај се заклучува дека Обвинителството за гонење организиран криминал на Вилма Русковска ги надминало […]

Првиот брод со украинско жито исплови од пристаништето во Одеса


  Првиот брод со жито што го напушти украинското пристаниште Одеса според договорот со посредство на ОН за обезбедување безбеден премин низ Црното Море, тргна во понеделник наутро, според украинските и турските власти. „Првиот [украински] брод со жито по #руската агресија го напушти пристаништето“, напиша украинскиот министер за инфраструктура Олександр Кубраков на Твитер, заблагодарувајќи им […]

Синер го победи Алкараз во финалето во Умаг


  Хрватска- Јаник Синер во неделата го победи шпанскиот тенисер Карлос Алкараз по втор пат во четири недели и ја освои титулата на Шпанецот во Умаг на земјени терени. Светскиот рекет број 10, Синер, дојде од негатива од првиот сет и го победи петторангираниот Алкараз со 6-7 (5/7), 6-1, 6-1 во финалето. Синер, кој сега […]