Зошто Елон Маск лансира илјадници сателити во орбитата?


Компанијата на Елон Маск, „Спејс икс“, во орбитата лансираше илјадници сателити. Многумина велат дека ги виделе на небото. Сателитите се дел од проектот „Старлинк“, чија цел е пружање интернет услуги од вселената до оддалечените места на Земјата.

„Старлинк“ пружа интернет услуги по пат на огромна мрежа сателити и наменет е за луѓето кои живеат во оддалечени подрачја без пристап до брз интернет, пишува Би-би-си.

„Има луѓе во Обединетото Кралство во таа категорија, но и низ целиот свет, на континенти како Африка“, вели д-р Лусинда кинг, водач на вселенски проекти на Универзитетот во Портсмут.

Сателитите на „Старлинк“ се наоѓаат во ниската орбита околу Земјата за да бидат врска меѓу сателитите и површината на Земјата. Но, потребен е голем број такви сателити, за да се обезбеди потполна покриеност на целиот свет. Се смета дека во 2018 година „Старлинк“ прати во вселената околу 3.000 сателити, а на крај би можело да ги има 10.000 до 12.000.

Користењето сателити го решава проблемот со воспоставување интернет врска во оддалечени места како пустини или планини. Ако не се сателитите, би требало да се изградат огромни инфраструктури, со кабли или столбови.

Колку чини „Старлинк“ и кој ќе го користи?

Во споредба со стандардна интернет врска, „Старлинк“ не е евтин. На корисниците им се наплаќа 99 долари месечно. Антената и рутерот потребни за поврзување со сателитот чинат 549 долари. Но, 96 отсто од домаќинствата во Велика Британија веќе имаат пристап до брз интернет, како и и 90 отсто од домаќинствата во Европа и САД.

„Поголемиот дел од развиениот свет е добро поврзан, па „Старлинк“ се потпира на приходи од мал дел од пазарот“, вели професорот Саид Мостешар од Институтот за вселенска политика и право во Лондон.

Компанијата објави дека има 400.000 претплатници во 36 земји кои во моментот ги покрива – главно во Северна Америка, Европа и Австралија и Азија. Следната година „Старлинк“ планира да ја прошири покриеноста низ Африка и Јужна Америка, како и Азија. Во овие подрачја поврзаноста со интернет не е воедначена.

„Цените за „Старлинк“ можеби се превисоки за многу домаќинства во Африка, но може да игра важна улога во поврзувањето на училиштата и болниците во тамошните оддалечени подрачја“, вели Крис Хал.

Како „Старлинк ѝ помага на Украина?

Додека руските сили напредуваа во Украина, се исклучија украинските интернет услуги и се обидоа да ги блокираат социјалните мрежи. Елон Маск го направи „Старлинк“ достапен во Украина веднаш на почетокот на инвазијата. Околу 15.000 сетови антени и рутери беа испорачани во Украина.

„Старлинк ги одржуваше јавните услуги и функциите на владата. Русите не најдоа начин да го онеспособат“, вели Крис Хал.

„Старлинк“ исто така се користи и на бојните полиња.

„Украинските сили го користат за комуникација меѓу штабовите и трупите на терен. Неговите сигнали не можат да се попречат како обичните радиосигнали, а потребно е само 15 минути за поставување на комплетот“, вели д-р мелинда Мирон, истражувач на одбранбени студии во Кралскиот колеџ во Лондон.

Прави ли „Старлинк“ вселенски неред?

Покрај „Старлинк“ постојат и конкуренти како OneWeb и Viasat, кои исто така управуваат со сателитски интернет услуги и поставуваат илјадници сателити во ниската земјина орбита.

Тоа ќе доведе до проблем, смета Саид Мостешер: „Тој простор се чини сѐ помалку сигурен во смисла на судари. Сателитите би можеле да погодат други вселенски тела и да направат вселенски отпад, а тој би можел да предизвика штета кога лета со огромна брзина.“

Неодамна имаше неколку блиски средби кои вклучуваа сателити на „Старлинк“, меѓу кои и заканувачки судар со кинеската вселенска станица.

„Ако има премногу фрагменти, нистата земјина орбита може да стане неупотреблива во иднина. Можеби нема да можеме да излеземе од ниската орбита на Земјата во повисоките орбити, каде се наоѓаат нашите навигациски сателити и телекомуникациски сателити“, вели д-р Кинг од Универитетот Портсмут.

Сателитите на „Старлинк“ им прават проблеми и на астрономите. При излез и залез на Сонцето, може со голо око да се забележи отсјај од сонцето на крилата на сателитите.Тоа може да предизвика линии на фотографиите на телескопите и да го попречи погледот кон ѕвездите и планетите.