Нека се гради мост, но ставете тунел за да не се затвори целосно кејот кај Карпош


Во скопската населба Карпош, на потегот кај карпата започнува изградба на сообраќаен мост кој ќе ги поврзува двете страни на реката Вардар и кој ќе претставува брза врска помеѓу Карпош, на една страна и Бардовци и Злокуќани на друга. Здружението за трчање, пливање, велосипедизам, дуатлон и триатлон 091РАНКРУ Скопје, во целост ја подржува иницијативата за изградба на овој мост. Сепак, целосно затворање на кејот ќе нѐ спречи сите нас да ги извршуваме нашите секојдневни активност на подолг временски период, период од неколку години. Ги повикуваме сите граѓани кои ја поддржуваат оваа идеја, да ја пополнат оваа петиција, по што ќе биде доставена до градоначалничката и Советот на Град Скопје, соопшти од здружението.

„Ние, како здружение на кое едни од главните цели му се промоција и развој на трчањето, активација на своите членови како и сите граѓани, а особено младите за активен спортски живот, сакаме да понудиме решение каде и покрај градежна зона, Кејот во целост нема да не биде затворен и ќе функционира. Предлог решението е да се постави заштитен тунел од проодни контенери во должина од 200 м, од едната до другата заштитна ограда, која веќе е поставена на патеката. Ова решение за заштита на градилишта се практикува насекаде во светот и е доста практично и безбедно“, се вели во соопштението на Здружението за трчање, пливање, велосипедизам, дуатлон и триатлон 091РАНКРУ Скопје.