До сабота сончево со повисоки температури, в недела и понеделник дожд


До сабота ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневните температури. Во недела и понеделник во попладневните часови ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер […]

За една седмица над 122.000 заразени и 355 починати од Ковид-19 во Грција


Во изминатата седмица во Грција е регистриран за 21 отсто зголемен број смртни случаи од Ковид-19, вкупно 355 починати, но и за 11 проценти намален број на позитивни случаи, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје за ситуацијата со пандемијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Во периодот од 25 до […]

Пронајден машки труп во распаѓање во близина на Кавадарци


 На спореден пат кај Тиквешкото Езеро во близина на Кавадарци синоќа беше пронајден патнички автомобил со битолски регистарски ознаки и тело на починато машко лице во распаѓање, соопштија денеска од Jавно обвинителство на Република Северна Македонија. Поради лошата пристапност на теренот, полициски екипи од ОВР Кавадарци и СВР Велес денеска извршиле увид на лице место. […]

Спомен плочата на АСНОМ ја тргна Шешељ во 1990


  Оригиналната спомен плоча на АСНОМ, која сведочи дека во „Прохор Пчињски“ биле удрени темелите на македонската држава, беше отстранета во 1990 година од Воислав Шешељ, првиот радикал на Србија. Во тоа време Шешељ зборуваше за Македонија како Јужна Србија, а Југословија уште постоеше. Тој им порача на македонските власти да не го слават празникот […]

Во Србија почна да се наплаќа ако го погрешите ПИН-от на банкоматот


  Покрај сите поскапувања со кои се соочуваат граѓаните на Србија, од вчера нов удар по џебот или поточно по картичките. Имено, цените на услугите во одредени банки од денеска се повисоки, а има и нови наплати, како онаа за погрешно впишан ПИН при подигање готовина. Според новите ценовници на одредени банки, оваа грешка и […]

Македонија се врати во „Прохор Пчињски“, на местото на формирањето на државата (Галерија)


  ПРОХОР ПЧИЊСКИ – Со одредена доза на историчност македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска на Илинден со државно-црковна делегација, по долги 18 години, дојде во манастирот „Прохор Пчињски“  од другата страна на границата со Србија за да се поклони на местото каде што во 1944 година беше формирана македонската држава. Сиве овие години поради неразбирањето […]

Џафери од Пелинце: И во поделбите има луѓе со визија


  Во Илинден наоѓаме сила за продолжување понатаму во градењето на заедничката иднина на нашата заедничка држава. За нас, за нашите идни поколенија, идни граѓани на европското и светското семејство на народи, славејќи ги и празнувајќи ги вредностите кои нѐ обединуваат и поврзуваат, вредности кои нѐ прават горди и сплотени граѓани на нашата заедничка држава. […]

Ковачевски од Мечкин Камен: Илинден е патоказот за напред


  Во малку напрегната атмосфера со многу луѓе насобрани на Мечкин Камен, од кои едните ја поздравуваа, а другите ја исвиркуваа владино-државната делегација, помина годинашнава прослава на Илинден во Крушево. Сепак, сето тоа беше во рамките на коректност, без инциденти. Главниот говор на прославата го одржа премиерот Димитар Ковачевски, во кој порача дека Илинден е […]

Мицкоски обвини сѐ на куп: СДСМ се лажни Европејци, во опозицијата има лакеи, во медиумите полусвет


  Малку зборови за Илинден, но многу реченици за власта, за нејзиното наводно предавство. За лакеи во опозицијата и што уште не. Вака денеска ги кнципира говорот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на одбележувањето на Илинден во струшкото село Ташмаруништа. За да ги отфрли наводите дека ВМРО-ДПМНЕ е антиевропска апртија Мицкоски дури зборуваше […]

Од почетокот на војната 25-те најбогати Руси загубиле 60 милијарди долари


  На почетокот на август, вкупното богатство на 25-те најбогати руски бизнисмени изнесуваше 322,57 милијарди долари. Во текот на изминатите осум месеци оваа сума е намалена за 60,25 милијарди. Ваквите пресметки се според рангирањето на милијардерите на Bloomberg Billionaires Index. Петте најбогати Руси, според Блумберг, се: Владимир Потанин – 31,6 милијарди долари. Од почетокот на […]

Честитка од Али Ахмети: Патот на слободата започна од Крушево


  Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска упати честитка по повод Илинден, нагласувајќи ја важноста на, како што напиша во објава на Фејсбук, заедничкото востание од 1903 година кое ги обедини граѓаните на земјата околу виталните каузи за слобода, еднаквост и мир. Ахмети потсети на 119-годишното патување на земјата низ предизвици од […]

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ положи цвеќе на гробот на Никола Карев


  Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од потпретседателот Александар Николоски, а во чиј состав беа членот на ИК и пратеник Драган Ковачки и пратеничката Ане Лашкоска, положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на Никола Карев, претседателот на Крушевската Република во Македониумот на Гумење во Крушево.

Не кријте се зад народот


(Колумна за Дојче веле) Евентуалниот референдум во овие околности во кои се наоѓа Македонија ќе ја блокира целосно нејзината европска, цивилизациска и просперитетна иднина. Црната и агресивна популистичка пропаганда за спасување на Македонците од наводната нивна бугаризација и асимилација ќе го даде поразителниот резултат без оглед какво и да е референдумското прашање. При ваква лажно […]

Доделувањето ордени и медали од страна на претседателот Пендаровски (Галерија)


  По повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, претседателот Стево Пендаровски, денеска на свечена церемонија ги додели одликувањата Орден на Република Северна Македонија, Орден за воени заслуги и Медал за храброст. Со Орден на Република Северна Македонија, постхумно беше одликуван Крсте Црвенковски, за својот особен, стратешки, долготраен и неповторлив придонес во втемелувањето и во развојот […]

(Видео) Илинденско обраќање на премиерот Ковачевски од централната прослава на Мечкин Камен


По повод големиот државен празник 2 Август, Денот на Републиката – Илинден претседателот на Владата, Димитар Ковачевски ќе се обрати на централната манифестација на Мечкин Камен во Крушево.   Централната манифестацијата на која и претходи положување на цвеќе на споменикот на Мечкин Камен, започнува во 11:30 часот.  На истата, свечено ќе се обрати премиерот Ковачевски. […]

Пендаровски додели ордени и медали и порача дека историјата не се менува со протоколи


  Во гест што ја отсликува Народно-ослободителната епопеја од Втората светска војна и антифишаистичката борба за слобода и државност претседателот Стево Пендаровски денеска додели повеќе ордени и медали. Без да дава забелешки за окупатори, Пендаровски рече дека историската вистина не може да се промени ниту со договор, ниту со протокол, бидејќи фактите го разобличуваат секој […]

Во „Прохор Пчињски“ поставено спомен обележјето за АСНОМ


  Во параклисот на манастирот „Прохор Пчињски“ во Србија денеска е поставена спомен плочата за одржувањето на ова место на првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, јави дописникот на МИА од Белград. Двојазично, на македонски и на српски јазик, пишува „На 2 август 1944 година на ова место е одржано Првото заседание […]

Владина делегација му оддаде почит на Никола Карев


  Владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски оддаде почит и положи цвеќе на вечното почивалиште на Никола Карев, првиот претседател на Крушевската Република, во „Македониумот“ на Гумење во Крушево. Со ова започнува централната прослава во Крушево на големиот државен празник 2 Август, Денот на Републиката – Илинден, кој оваа година се одбележува под слоганот […]

Македонија влегувала од една цивилизациска зона во друга, тврдат од ГЕРБ


  Истакнатиот пратеник во штотуку распуштеното бугарско Собрание, Тома Биков од партијата ГЕРБ на Бојко Борисов, тврди дека по 150 Бугарија и Македонија имаат шанса да бидат во еден заеднички геополитички простор. Во разговор за Бгнес тој вели дека „Македонија во моментов е во процес на премин од една во друга цивилизациска зона, од еден […]

(Видео) Пендаровски доделува ордени и медали на заслужни граѓани


На платото во Кабинетот на претседателот ќе се одржи централна манифестација, на која ќе се обрати претседателот Пендаровски и ќе бидат доделени одликувањата Орден на Република Северна Македонија, Орден за воени заслуги и Медал за храброст. Со Орден на Република Северна Македонија, постхумно ќе биде одликуван Крсте Црвенковски, за својот особен, стратешки, долготраен и неповторлив придонес во втемелувањето и во развојот […]