Владина делегација му оддаде почит на Никола Карев


 

Владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски оддаде почит и положи цвеќе на вечното почивалиште на Никола Карев, првиот претседател на Крушевската Република, во „Македониумот“ на Гумење во Крушево.

Со ова започнува централната прослава во Крушево на големиот државен празник 2 Август, Денот на Републиката – Илинден, кој оваа година се одбележува под слоганот „Нашата сила за иднината“.

Во делегацијата со Ковачевски беа и вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Делегацијата ќе положи цвеќе на споменикот на Слива, кој претставува симбол на саможртвата на македонските востаници во одбраната на Крушевската Република, а ќе присуствуваат и на панихида којашто традиционално се организира секоја година во чест на загинатите илинденци во црквата „Св. Никола“ во Крушево.