Трас во блага предност пред Сунак за нов британски премиер


  Англија– Шефицата на британската дипломатија, Лиз Трас, фаворитот за наследник на Борис Џонсон на позицијата британски премиер, има многу потесна предност пред нејзиниот ривал, министерот за финансии Риши Сунак отколку што првично се мислеше, се гледа од најновата анкета за гласањето на членството на Конзервативната партија. Трус има поддршка од 48 отсто од членовите […]

„Есте Лодер“ преговара да го купи „Том Форд“ за три милијарди долари


  САД– Производителот на козметика Estee Lauder Cos Inc е во преговори за купување на луксузниот бренд Том Форд во договор од 3 милијарди долари, објави во понеделникот Wall Street Journal, цитирајќи луѓе запознаени со ова прашање. Потенцијалниот договор би бил најголемата аквизиција на сопственикот на брендот Clinique досега, се вели во извештајот, додавајќи дека […]

Проекција на македонскиот филм „Хомо“ на „Десет дена Крушевска Република“


  Со проекцијата на македонскиот филм „Хомо“, вечер од 21 часот продолжува богатата програма на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“. Филмот ќе се прикажува на летната сцена  од спомен куќата „Тодор Тоше Проески“ на Гумење во Крушево. Филмот е во режија на Игор Иванов Изи, кој заедно со Сашо Кокаланов се потпишува како автор на сценариото. […]

Гебрев за „Гардијан”: Сигурен сум дека руски агенти стојат зад експлозијата во мојот склад во Бугарија 


    Бугарија– Емилијан Гебрев за британскиот весник „Гардијан“ изјави дека експлозијата во неделата во неговиот магацин за оружје е уште еден напад врз него од страна на агенти на руското воено разузнавање ГРУ. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Гебрев е 100 отсто сигурен дека зад експлозијата во неговиот магацин стојат руски […]

На Табановце за влез и за излез во Северна Македонија се чека 90, на Богородица 40 минути


  Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 60 до 90 минути, а на граничниот премин Богородица време на чекање за влез и излез од […]

Министерството за правда на САД го тужи Ајдахо за забраната за абортус 


    САД -Министерството за правда на САД денеска покрена тужба против сојузната држава Ајдахо, како една од најрестриктивните што се однесува до забраните за абортус низ земјата  Забраните се засилија по историската одлука на Врховниот суд за забрана на абортусот во САД.  Новиот закон во Ајдохо, ако биде усвоен, ќе воведе речиси целосна забрана на […]

Храна ќе има, не се очекуваат проблеми со увозот, можни нови поскапувања


  Кризата со храната во светски рамки станува се поактуелна. Состојбата е загрижувачка, а последиците, велат експертите, допрва ќе се чувствуваат. Руско-украинскиот конфликт дополнително го наруши глобалното снабдување кое веќе беше загрозено од климатските промени и корона-пандемијата. Колку земјава успева да се справи со ваквите „закани“ и како го менаџира ударот? Кој е резултатот од […]

Сончево со мала облачност, температурата до 37 степени


Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во северозападните и североисточните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. УВ индексот ќе биде 8, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат од 10 до 20 степени, а […]

Астрономски календар


  Денеска е среда, 3 август 2022 година, 210-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 155 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 27 минути, а ќе зајде во 19 часот и 51 минута. Денов трае 14 часа и 24 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе […]

„Голема грешка“ – Москва ја осуди донацијата на македонските тенкови за Украина


  Русија смета дека донацијата на македонија на тенковите „Т-72“ на Украина е „голема грешка што само ќе помогне во криминалните дејствија на режимот во Киев“. Тоа го изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. цитирана од ТАСС. На 29 јули, македонското Министерство за одбрана потврдија дека земјата ѝ подарила тенкови од […]

Хирургот Тодор Ношпал почина на 60 години


  Хирургот Тодор Ношпал, кој беше познат не само поради своето врвно знаење во ортопедијата, туку беше познат и  во јавниот живот, почина денеска на 60 години. Беше еден од најстручните кадри на Клиниката за ортопедија во Скопје, каде имаше и раководни функции, но во 2012 година доби отказ бидејќи наводно издавал службени тајни и […]

Бугарски честитки за Илинден


  Една телефонска честитка, а друга преку Твитер стигнаа денеска од Софија до македонските власти по повод Илинден. Од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски изјавија дека му се јавил неговиот бугарски колега Румен Радев да го честита Илинден и дека разговорот бил протоколарен. Прес-службата на Радев објави дека освен што телефонски разговарал со Пендаровски упатил […]

ЦУК: Активни се два пожари во Кумановско и во Крушево


Центарот за управување со кризи денеска соопшти дека до 14.30 часот се евидентирани три пожари на отворено од кои еден е веќе изгаснат. Активен е пожарот кај местото Шупли Камен, кумановско, каде гори сува трева во близина на викендици, а на терен се пожарникари од ТППЕ Куманово. Активен пожар има и во општина Крушево кај […]

Кочанчанец се застрелал во дланката


Ноќеска, околу 3.20 часот во ОВР Кочани е пријавено дека во Хируршко одделение Кочани за укажување на лекарска помош дошол Н.Б.(48) од Кочани, со прострелна рана на дланката, за која изјавил дека е последица од самоповреда. Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека на место викано „Наддабо“, во село Бели, кочанско, повредениот […]

Чешкото трио „Инсендио“ вечер на „Охридско лето“


Чешкото трио „Инсендио“ ќе настапи вечер на 62. издание на фестивалот „Охридско лето“. Триото составено од пијанистката Каролина Франтишова, виолинистот Филип Зајков и виолончелистот Вилем Петрас е основано во 2016 година во Прага. Националната установа „Охридско лето“ соопшти дека се наградувани на повеќе национални и меѓународни натпревари за класична музика, меѓу кои „Џани Бергамо“ во […]

Прв случај на мајмунски сипаници на Кипар


На Кипар е регистриран првиот случај на мајмунски сипаници во земјата и станува збор за 40-годишен маж кој патувал во странство, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за здравство на Кипар соопштија дека случајот е потврден по молекуларен лабораториски преглед во микробиолошката лабораторија на општата болница во Никозија и веднаш биле спроведени соодветните […]

Хрватската писателка Ена Катарина Халер на книжевна резиденција во Скопје


  Во рамки на резиденцијалната програма на издавачката куќа „Готен“, поддржана од европската мрежа за превод и книги „Традуки“, на книжевна резиденција во Скопје во август престојува писателката од Хрватска Ена Катарина Халер. Во текот на својот резиденцијален престој во Скопје, Ена Катарина Халер ќе работи на својот нов роман, а ќе има можност одблиску […]

Костадиновска-Стојчевска во Смилево: Ние, Македонците, никогаш и ништо не сме добиле на подарок


Нема Македонец, каде и да е на оваа „дуња“, кому денеска не му доаѓа да заплаче како дете зашто денеска е нашиот празник над сите празници – Илинден, рече во својот емотивен говор министерката за култура Бисера  Костадиновска-Стојчевска во Смилево. – Овде, во Смилево, каде што се и колепката и гробот на нашиот национален херој […]

Нови 815 случаи со Ковид-19, четворица починати 


  Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.814 тестови, а регистрирани се нови 815 случаи со КОВИД-19, две починати лица од Велес (86г и 74г) и 1.252 оздравени пациенти. Двете лица починале во болнички услови. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ се регистрирани […]

Бојана во чест на Илинден ја преработи народната „Море сокол пие“


Поп-пејачката Бојана Скендеровски, во чест на празникот Илинден ја преработи една од најубавите македонски песни  „Море сокол пие“. „Ова е моја честитка за Илинден. Патриот сум во душа, и се почувствував должна како уметник да го направам овој проект“, вели Бојана и додава дека својата љубов кон родољубивите песни кои често ги пее решила да ја […]