Проекција на македонскиот филм „Хомо“ на „Десет дена Крушевска Република“


 

Со проекцијата на македонскиот филм „Хомо“, вечер од 21 часот продолжува богатата програма на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“.

Филмот ќе се прикажува на летната сцена  од спомен куќата „Тодор Тоше Проески“ на Гумење во Крушево. Филмот е во режија на Игор Иванов Изи, кој заедно со Сашо Кокаланов се потпишува како автор на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Александар Матовски – Цако, Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Јордан Симонов, Сашко Коцев.

Утре, на 4 август е впечатливата изложба на Зоран Кардула инспирирана од филмскиот серијал „Star Wars“ и вонвременскиот изглед на споменикот Илинден со ди џеј сет на Томи Бојаџи. Излоѓбата е на споменикот Илинден на Гумење во Крушево.

Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ е отворена на 1 и ќе трае до 10 август. Сите денови ќе понуди богата програма.