ЦУК: Активни се два пожари во Кумановско и во Крушево


Центарот за управување со кризи денеска соопшти дека до 14.30 часот се евидентирани три пожари на отворено од кои еден е веќе изгаснат.

Активен е пожарот кај местото Шупли Камен, кумановско, каде гори сува трева во близина на викендици, а на терен се пожарникари од ТППЕ Куманово.

Активен пожар има и во општина Крушево кај с. Јакреново каде гори сува трева и нискостеблести растенија. Екипа од ЈП Национални шуми подрачна единица Липа – Крушево е на местото на пожарот.

Пожар се појавил и над с. Радање на патот Штип – Плачковица, кој е изгаснат, а на терен превентивно остана екипа од ТППЕ Штип. Таму е опожарена е нискостеблеста шума.

Од ЦУК апелираат до граѓаните при движење и престој на отворен простор или во шума да бидат исклучително внимателни, бидејки сосем мал пожар за миг може да прерасне во голем пожар и да ги згрози животот, здравјето и имотот на граѓаните.

Од ЦУК упатија и благодарност до ангажираните пожарникари кои и на овој празничен ден Илинден се борат против пожарите и се грижат за безбедноста.