Хирургот Тодор Ношпал почина на 60 години


 

Хирургот Тодор Ношпал, кој беше познат не само поради своето врвно знаење во ортопедијата, туку беше познат и  во јавниот живот, почина денеска на 60 години.

Беше еден од најстручните кадри на Клиниката за ортопедија во Скопје, каде имаше и раководни функции, но во 2012 година доби отказ бидејќи наводно издавал службени тајни и ја повредил работната дисциплина. Неговата јавна забелешка беше дека тешко болна пациентка не добива ортопедско помагало поради бирократски процедури. Судот подоцна пресуди дека незаконски бил отпуштен од работа.

Потоа работеше во неколку големи приватни клиники во земјава, за во 2020 отвори сопствена приватна пракса.

На последните локални избори во 2021 беше кандидат на партијата Интегра за градоначалник на Скопје.