Бојана во чест на Илинден ја преработи народната „Море сокол пие“


Поп-пејачката Бојана Скендеровски, во чест на празникот Илинден ја преработи една од најубавите македонски песни  „Море сокол пие“.

„Ова е моја честитка за Илинден. Патриот сум во душа, и се почувствував должна како уметник да го направам овој проект“, вели Бојана и додава дека својата љубов кон родољубивите песни кои често ги пее решила да ја искаже токму преку изведбата на „Море сокол пие“.

„На музиката работеа многу познати инструменталисти на народна музика, сѐ е снимено во живо затоа што сакавме да има душа“, додава Бојана.

Видеото е со потписот на Дарио Јанковиќ, а кадрите се снимани на повеќе локации низ Македонија, и тоа во Мариово, Велес, Кокино, Старо Нагоричане во црквата Св. Ѓорѓи, стара повеќе од 1000 години.

„Овој проект е во чест на сите Илинденци кои го дале својот живот за да ја имаме оваа наша Македонија“ ,  вели Бојана.