Во Србија почна да се наплаќа ако го погрешите ПИН-от на банкоматот

Зголемување на сите услуги и провизии во српските банки, граѓаните незадоволни


 

Покрај сите поскапувања со кои се соочуваат граѓаните на Србија, од вчера нов удар по џебот или поточно по картичките.

Имено, цените на услугите во одредени банки од денеска се повисоки, а има и нови наплати, како онаа за погрешно впишан ПИН при подигање готовина.

Според новите ценовници на одредени банки, оваа грешка и невнимание со ПИН-от може да ве чини околу 100 динари (50 денари).

Според најавите на одредени банки, цената на бројните услуги – одржување сметки, подигање чек и провизии за мобилно и електронско банкарство ќе се зголеми.

Граѓаните ќе треба да плаќаат поскапа провизија за подигање пари од банкомат на друга банка, како и за трансакции извршени преку еБанкинг. Од денеска ќе се наплаќа она што досега не беше – повеќекратни обиди за подигање готовина од банкомат и неуспешни обиди за плаќање преку интернет.

Граѓаните не се задоволни од ваквите одлуки на банките и сметаат дека во случаи кога банкоматот е неисправен или еБанкарството не работи, одговорноста треба да ја сносат банките.

Доколку случајно ја изгубите картичката и тогаш ќе мора да платите, пишува Нова.рс.

Потоа, ако не по ваша вина сте ја изгубиле картичката, а на сметката сте имале до 3.000 динари, вие ќе ги сносите трошоците.

Трошокот ќе го сноси банката доколку сумата што ја имате на сметката е поголема и ако успеете да докажете дека не сте ја злоупотребиле картичката или сте биле „очигледно несовесни“.