(Видео) Илинденско обраќање на премиерот Ковачевски од централната прослава на Мечкин Камен


Фото: Б. Грданоски
По повод големиот државен празник 2 Август, Денот на Републиката – Илинден претседателот на Владата, Димитар Ковачевски ќе се обрати на централната манифестација на Мечкин Камен во Крушево.
 
Централната манифестацијата на која и претходи положување на цвеќе на споменикот на Мечкин Камен, започнува во 11:30 часот.  На истата, свечено ќе се обрати премиерот Ковачевски.

Во рамки на централната манифестација предвидена е празнична културно-уметничка програма посветена на двата Илиндена. Граѓаните на Република Северна Македонија под мотото „Нашата сила за иднината“ го празнуваат големиот национален празник 2 Август – Илинден.
 
Проследете го обраќањето во живо:
 

 

 
Премиерот Ковачевски ја предводи владината делегација во која се првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски како и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Со државна почест и чествување големиот национален празник Илинден се одбележува во Крушево, со положување свежо цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев во споменикот „Македониум“ на Гумење и на споменикот на паднатите борци на Слива, кои се симбол на жртвата на востаниците за одбрана на Крушевската Република.