Спомен плочата на АСНОМ ја тргна Шешељ во 1990


Плочата која сега е поставена

 

Оригиналната спомен плоча на АСНОМ, која сведочи дека во „Прохор Пчињски“ биле удрени темелите на македонската држава, беше отстранета во 1990 година од Воислав Шешељ, првиот радикал на Србија.

Во тоа време Шешељ зборуваше за Македонија како Јужна Србија, а Југословија уште постоеше. Тој им порача на македонските власти да не го слават празникот Илинден на српска територија и вооружен со пајсер ја тргна плочата од ѕидовите на манастирот.

Од 2000 година плочата се чува во Народниот музеј во Врање. Но оваа плоча што е сега поставена во во манастирот е нова, не е оригиналната. Оригинални се само зборовите што се испишани на неа. Српските власти тврделе дека не можат да ја најдат оргиналната плоча и затоа за брзо време направија нова.