Литванија изложена на голем кибер напад од Русија: Одмазда за блокадата на Калининград


Литванија– Државни и приватни институции во Литванија се најдоа на удар на голем DDOS напад (негирање на услуга), се наведува во соопштението на литванскиот национален Центар за кибер безбедност, пренесено од тамошното Министерство за одбрана. „Многу е веројатно таквите или уште посилни напади да продолжат и во наредните денови, особено во транспортниот, енергетскиот и финансискиот […]

Фон дер Лајен: Не треба да се бојкотира Г20 на Бали заради учеството на Путин


Индонезија– Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека не ја поддржува идејата за бојкот на самитот на Г-20 во Индонезија доколку на него учествува и рускиот лидер Владимир Путин. Таа посочи дека форматот на Г-20 е од големо значење не само за развиените, туку и за земјите во развој и според […]

Определени тарифните блокови за струјата, цената ќе се знае во среда


Регулаторната комисија денеска ги објави четирите тарифни блока според кои ќе се пресметува колку ќе плаќаат домачинствата за потрошена струја. Како и што се најавуваше, струјата за оние од пониските блокови ќе чини поевтино, додека за оние што трошат повеќе таа ќе биде поскапа. Цената во тарифните блокови ќе се определува според потрошената скапа струја […]

Руски ракети погодија трговски центар со 1.000 луѓе внатре (Видео)


  Руски ракети погодија фреквентен трговски центар во градот Кременчук во Украина. Володимир Зеленски рече дека 1.000 цивили биле во преполниот трговски центар за време на нападот, а се стравува дека има голем број мртви. Трговскиот центар е зафатен од пламен по нападот среде бел ден. Зеленски рече: „Невозможно е ни да се замисли бројот […]

Како украинските бранители на Северодонецк се повлекуваа со чамци под превезот на ноќта


  СЛОВЈАНСК – Еден од последните украински бранители на Северодонецк рече дека се повлекол со чамец, разочаран што морал да си замине откако го издржал повеќенеделниот руски напад на разурнатиот град, но среќен што е жив додека тој и другите ја преминувале реката на повисоките места. Руските сили целосно го окупираа источниот град на линијата […]

За Водно не важи забраната за движење низ шума


„Национални шуми” на социјалните мрежи појасни дека движењето в шума ќе биде дозволено доколку си извадите дозвола во една од нивните подружници, но додаваат и дека ова јавно претпријатие не издава дозволи и не забранува движење во националните паркови и парк-шумата Водно. Од јавното претпријатие напишаа: „За да нема недоразбирања за забраната за движење во […]

Во туристичките места ќе се работи и во недела и за празници


Собранието денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за трговија, со што се овозможува работа во недела и државни празници на сите трговци на мало и на големо во туристичките места, утврдени со Законот за туристичка дејност, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија, Крешник Бектеши. Според министерот, со измените и дополнувањата на […]

Песков: Русија ќе ги заобиколи санкциите за златото со наоѓање нови пазари


Забраната на увоз на злато од земјите-членки на Г-7 за Русија е незаконска, но Москва најави дека ќе побара други пазари за да ги заобиколи санкциите. – Пазарот на благородни метали е глобален. Тој е доста голем, обемен и исклучително разновиден, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој додаде дека „ако пазарот ја изгуби својата […]

МЗШВ со нов проект во областа на рибарството и аквакултурата во партнерство со Хрватска и со поддршка од ЕУ


Во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска, свечено се одбележа почетокот на Твининг лајт проектот, „Усогласување на законодавството и имплементација на правото на ЕУ во областа на рибарството и аквакултурата во Република Северна Македонија“. Како што соопштија од МЗШВ, на свеченото отворање присуствуваа министерот Љупчо Николовски, амбасадорката на Република Хрватаска, Нивес Тигањ, […]

За Вархеи решението е веќе на маса и нашите преговори се „прашање на ден“


  Откако францускиот предлог излезе во јавноста, од Бугарија секојдневно стигнуваат предупредувања дека – ако Македонија повторно рече „не“ на предлог рамката за преговори, тоа тешко ќе се одрази на нејзината евроинтеграција. Од кај нас, пак, се праќаат пораки дека, ако предлогот остане ваков каков што е, што европските аналитичари го оценија како „француско-бугарски пропаганден […]

За прв пат од 1917 Русија влезе во банкрот за нејзините надворешни долгови


  Русија банкротираше со своите меѓународни обврзници за прв пат по повеќе од еден век, соопшти Белата куќа, откако опсежните санкции ефективно ја отсекоа земјата од глобалниот финансиски систем, правејќи ги нејзините средства недопирливи. Кремљ, кој има пари да врши плаќања благодарение на приходите од нафта и гас, брзо ги отфрли тврдењата и го обвини […]

Зибери: Во полициските станици нема ажурирани списоци на дежурни адвокати, а државата не ги надоместува адвокатските услуги


Народниот правобранител, Насер Зибери и претседателот на Адвокатската комора, Љубомир Михајловски денеска потпишаа меморандум за соработка во насока на подобрување на учеството и заштитата на граѓаните пред полициските и другите служби во почетната фаза, кога против нив се превземаат дејствија. – Во полициските станици и другите места за лишување и задржување затекнавме ситуации каде што […]

„Лошите девојки од филмовите“ – изложба на филмски костими во МКЦ


Изложбата на тема „Лошите девојки од филмовите“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе понуди можност публиката да ги разгледа филмските костими на субверзивните женски ликови од 1960 го 2000 година. Изложбата ќе биде отворена на 8 јули, петок, во 20 часот. Влезот на изложбата е бесплатен, а организирана е од Фестивалот за европски филм, „Синедејс“. […]

Десетици руски војници убиени во првиот напад на американските ракети ХИМАРС (Видео)


  Украинската војска почна да ги употребува американските лансери на ракате. Во првиот напад е уништен команден пункт на рсуките сили во Изјум Десетици руски војници се убиени во првиот напад на Украина врз еден од командните пунктови на руските сили користејќи американска ракетна артилерија со долг дострел, соопшти Киев. Најмалку 40 војници на Москва […]

Асоцијацијата на архитекти на Македонија прослави 70 години


Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) прослави 70 години од формирањето. На 26 јуни 1952, со Решение на тогашното Министерство за внатрешни работи се одобрува основање и работа на Друштво на архитекти на Народна Република Македонија (ДАМ) со седиште во Скопје и со право на дејност на подрачјето на земјата. Формирањето на здружението се случило […]

Изложба на фотографии од Ник Кејв за старт на „Скопје синема сити“


Осмото издание на фестивалот за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ ќе се отвори со изложба на српскиот рок-фотограф Немања Ѓорѓевиќ. Изложбата е насловена „Деј лонг фор д лајт оф јор тач“ и е комплетно посветена на годинешниот лауреат на фестивалот, Ник Кејв, кој ќе добие признание за животно дело. Изложбата ќе се отвори на […]

Украина во чистилиштето на Западен Балкан


Колку една војна може да го промени светот. Пред само четири месеци, лидерите на Франција, Германија и Италија не можеа ни да помислат да ја поддржат кандидатурата на Украина за ЕУ. Минатиот четврток тие се собраа во сончевиот Киев и со ентузијазам го поддржаа барањето на Украина да биде прифатено. Доколку нивната позиција биде потврдена […]

ЕУ ќе наплаќа 7 евра за влез од 2023 година


Доколку сакате да посетите некоја од земјите членки на Европската Унија, од мај 2023 година ќе треба да издвоите дополнителни 7 евра. ЕУ соопшти дека тогаш ќе стартува Европскиот систем за патнички информации и авторизација (ЕТИАС) со кој за сите граѓани од земјите кои безвизно можат да патуваат низ Унијата, ќе биде неопходно пополнување електронска апликација […]

Раст на цената на златото по најавата дека Г-7 ќе забрани увоз од Русија


Германија – По најавата на американскиот претседател Џо Бајден дека САД и други земји-членки на Г-7 ќе забранат увоз на злато од Русија, денеска порасна цената на благородниот метал на  светските берзи. На физичкиот пазар цената на златото порасна за 0,6 отсто и унца се продава за 1.838,87 долари. Во фјучерсите на американскиот пазар, златото се […]

Членките на ЕУ воведоа задолжително складирање на природниот гас до почетокот на зимата


Земјите-членки на ЕУ денеска се согласија дека сите капацитети за складирање природен гас во Унијата треба да се наполнат до најмалку 80 отсто од капацитетот за следната зима, поради можноста Русија дополнително да ги намали испораките. Министрите за енергетика на ЕУ денеска ги усвоија правилата за складирање гас, врз основа на предлогот на Европската комисија […]