Десетици руски војници убиени во првиот напад на американските ракети ХИМАРС (Видео)
Украинската војска почна да ги употребува американските лансери на ракети. Во првиот напад е уништен команден пункт на руските сили во Изјум
Украинската војска почна да ги употребува американските лансери на ракате. Во првиот напад е уништен команден пункт на рсуките сили во Изјум
Десетици руски војници се убиени во првиот напад на Украина врз еден од командните пунктови на руските сили користејќи американска ракетна артилерија со долг дострел, соопшти Киев.
Најмалку 40 војници на Москва загинаа откако украинските војници го искористија американскиот систем ХИМАРС за да разнесат база во близина на градот Изјум во Донбас, соопштија командантите.
Снимките што се појавија во неделата ги покажаа последиците од нападот, вклучително и разнесени згради и камиони за снабдување кои тлееа насликани со воениот симбол „Z“.
Одделно, беше откриено дека истиот вооружен систем уби руски полковник, што го прави 56-тиот врвен офицер кој бил убиен за време на војната.
Андреј Василјев (49), командант на елитниот падобрански полк на ВДВ, загинал во напад на непозната локација во петокот вечерта, соопштија локалните медиуми.
Василјев, кој претходно беше награден со руски орден за храброст, го предводеше 137-от гардиски воздушен полк на 106-та гардиска воздушнодесантна дивизија.
Смртта на Василјев се случи истата ноќ кога првпат се појавија снимки од украинските сили кои отвораат оган со ХИМАРС, а видеото е направено ноќе.
Не е јасно дали ударот снимен на филм и ударот во кој беше убиен Василјев се едно исто, но времето на неговата смрт значи дека тој речиси сигурно е еден од првите руски офицери што бил убиен од оружјето.
Се смета дека нападот на командниот пункт во Изјум е посебен напад, иако Украина не кажа точно кога се случило тоа.
Командантите на Киев рекоа дека нападот разнел училиште – Лицеумот бр. 2 во Изјум – што го користеле како база на руските сили во регионот.
Тие рекоа дека биле убиени најмалку 40 војници, од 20-та армија на западниот воен округ на руските вооружени сили, единица 89425, првично со седиште во Воронеж.
„Целиот персонал стациониран на командното место е демилитаризиран – над 40 лица“, тврди Украина.
Русија го потврди нападот и призна дека бил извршен со ХИМАРС, но рече дека всушност удрил во болница и биле убиени двајца цивили.
Америка почна да испраќа напредни ракетни артилериски системи со долг дострел во Украина на почетокот на овој месец по повеќекратните барања од Киев, кој рече дека ѝ треба оружје за да го израмни теренот за игра со руските батерии во Донбас.
Украинските команданти рекоа дека имаат намера да ги искористат артилериските системи за да нападнат длабоко зад руската фронтална линија, уништувајќи командни пунктови како што е тој во Изјум, додека исто така креваат во воздух депонии за оружје за да го попречат напредувањето на Москва.
Обуката со оружените системи започна надвор од Украина на 7 јуни, а првите батерии влегоа во земјата минатата недела.