70 години од „Фросина“- изложба на фотографии и документарец за првиот македонски игран филм 


Во рамките на активностите за одбележување на 70-годишниот јубилеј од премиерата на првиот македонски игран филм – „Фросина“, денеска во Кочани, во организација на Кинотеката и ЈОУ Библиотека „Искра“, со почеток во 20:00 часот ќе се одржи изложба на фотографии од филмот проследена со пригодно предавање и дискусија за значењето на овој филм во историјата на македонската кинематографија. […]

 „Празник на липите” во ДПМ


Традиционалната Меѓународна поетска манифестација „Празник на липите”, ќе се одржи денеска во просториите на Друштвото на писателите на Македонија.   На свеченоста ќе бидат врачени наградите „Книжевен жезол” на поетите Аднан Озер (Турција) и Гордана Михаилова Бошнакоска (Северна Македонија).   Беседи за добитниците ќе одржат Ерол Туфан, проф.д-р Христо Петрески и академик Влада Урошевиќ.   На […]

ССМ со протест пред МТСП за линеарно зголемување на платите


Незадоволството од неисполнетото барање за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска од 10 часот до 13 часот ќе го изрази пред Министерството за труд и социјална политика (МТСП) согласно одлуката на Штрајкувачкиот одбор. Откако минатата недела не беше прифатен амандманот на ССМ  во собраниската Комисија за финансирање […]

Сончево и топло, попладне појава на пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 28 јуни 2022 година, 174-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 191 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 13 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 4 часот […]

Макрон го молел Путин пред инвазијата: „Зборувај со Џо!“ Овој му одговара: „Подобро ќе играм хокеј“


  Само четири дена пред инвазијата на Украина, нерасположениот Владимир Путин му рекол на францускиот претседател Емануел Макрон дека повеќе би сакал да „игра хокеј на мраз“ отколку да одржи состанок со Џо Бајден за да разговара за ситуацијата во Украина и можеби да спречи војна, пишува британски „Телеграф“. Тие зборови на рускиот претседател може […]

Десетици мртви во рускиот напад на преполн трговски центар


  СЛОВЈАНСК – Се стравува дека голем број цивили се убиени или ранети во руски ракетен напад во понеделникот врз преполн трговски центар во централниот украински град Кременчук, соопштија украинските власти. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на Телеграм рече дека бројот на жртвите е „незамислив“, повикувајќи се на извештаи дека повеќе од 1.000 цивили […]

Османи: Димитров нѐ прави нас предавници за неговите потпишувања


  Мислев дека ќе можам да ја задржам дипломатската пристојност и да не говорам за отстранувањето на документите од архивата на МНР пред моето доаѓање во куќата, но кога ќе се поминат црвените линии на пристојност, сите треба да ги отвориме картите до крај, напиша вечерва на Фејсбук шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој со […]

Џафери повика итна координативна седница по инцидентот


Претседателот на Собранието, Талат Џафери, попладнево свика итна координација на која беа поканети сите координатори и претставници на политичките партии во Собранието. На поканата се одзваа координаторот на Пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски и пратеничката од Алтернатива, Сафије Садики Шаини. Иако поканети, не присуствуваа претставниците од опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ […]

Тошко Јорданов: Петков е брутален лажго кој се „заљуби“ во власта


Асен Василев не е толку брутален лажго како Кирил Петков. Василев не е добар министер за финансии, но барем си стои на зборот. Ова на БТВ го изјави претседателот на пратеничката група на Има таков народ, Тошко Јорданов.  Тој го оцени како вулгарно однесувањето на владејачката партија Продолжуваме со промената, која не отиде на денешните […]

Бектеши до Милошоски: За такви како тебе не треба да има место во политиката


Министерот за економија, Крешник Бектеши, по денешниот инцидент во Собранието и физичката пресметка помеѓу претседателот на Комисијата за европски прашања Арбр Адеми и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и АА, на Фејсбук напиша дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски нема придонесено ништо за државата, освен поделба и национализам и по тоа ќе биде запаметен. „’Политичар’ каков што […]

Инцидент во Собранието кој ги надминува зовриените страсти


  Од вербалните пресметки преку партиски соопштенија тензијата меѓу политичките ривали денеска попладнево во Собранието премина во инцидент, со многу викање, навреди, тешки зборови, кој за малку не се претвори во тепачка. Иако и тоа што се случуваше ги надминуваше зовриените страсти. Инцидентот се случи во Комисијата за европски прашања кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и […]

Бизнисменот Нефи Усеини доби ослободителна пресуда


Охридскиот бизнисмен Нефи Усеини и неговиот брат, Ибро Усеини, добија ослободителна пресуда за случајот со нивниот сограѓанин, Спиро Топалоски кој ги обвини дека го нападнале. Топалоски, кој пред две години ги обвини браќата дека го нападнале пред охридски хотел, потоа даде спротивен исказ. Судијката Билјана Белевска Пројковска, во пресудата наведува дека е неспорно дека двајцата […]

Николовски: Земјоделците редовно и неселективно ги добиваат своите субвенции 


Одговорно водиме грижа за секој земјоделец и преку конкретни мерки даваме поддршка во услови на криза. Успеавме да ги надминеме сите блокади и се донесоа измените на Законот за земјоделство и рурален развој, каде ја одложивме обврската кон УЈП и целосно ги исплативме субвенциите за тутун, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски […]

Андерсон: Нема да дозволам Шведска да стане засолниште за терористи


Белгија– Шведската премиерка Магдалена Андерсон изјави дека нема да дозволи нејзината земја да стане засолниште за терористи. Нејзината изјава уследи по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Брисел и пред почетокот на Самитот на Алијансата во Мадрид, со цел да добие поддршка од Турција за членството на Шведска. – Нашиот став за […]

Повредени две лица во сообраќајка на влезот во Делчево


Две лица се повредени и транспортирани и пренесени во Ургентен Центар Скопје по сообраќајна несреќа и удар на возило „рено“ во ѕид на влезот на Делчево. По несреќата на повредените лица им е укажана медицинска помош, по што со констатирани политрауми, со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.   […]

Руската висока мода трпи штети од санкциите – луксузните материјали само за богатата клиентела


Русија– Под својата сјајна фасада, руската високомодна индустрија се соочува со неизвесна иднина. Голем број западни дизајнерски етикети ја напуштија Русија како дел од реакцијата против одлуката на Москва да испрати војници во Украина, оставајќи ги нивните домашни конкуренти да ја заземат централната сцена. Но, на годишната Недела на мода во Москва, која ја прикажува […]

Русија протерува осум грчки дипломати


Русија – Руското Министерство за надворешни работи денеска на амбасадорот на Грција му врачи нота за протерување на осум грчки дипломати. „Во Министерството за надворешни работи денеска е повикана амбасадорката на Грција во Русија, Е. Насика, на која и беше врачен протест заради политиката на конфронтација на грчките власти кон Русија, влучувајќи ги и испораките […]

Ѓоковиќ со победа стартуваше на Вимблдон и испиша историја


Англија– Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на грен – слем турнирот во Вимблдон, совладувајќи го попладнево Јужнокореецот Сунву Квон со 3-1 во сетови (6-3, 3-6, 6-3, 6-4). За второрангираниот тенисер на АТП листата ова беше 80. триумф на терените на Вимблдон со што стана првиот играч во историјата на светскиот тенис со најмалку 80. […]

Американците стравуваат дека по укинувањето на абортусот можат да им бидат загрозени и други права


САД– Одлуката на Врховниот суд на САД да ја укине уставната гаранција за правото на абортус ги зголеми стравувањата од можна остра промена надесно, а милиони Американци внимателно следат дали судот ќе укине нешто друго од она за кое тие веруваат дека им е уставно загарантирано право, кое им го обезбедиле претходните генерации, го пренесува Радио […]