Руски ракети погодија трговски центар со 1.000 луѓе внатре (Видео)


 

Руски ракети погодија фреквентен трговски центар во градот Кременчук во Украина.

Володимир Зеленски рече дека 1.000 цивили биле во преполниот трговски центар за време на нападот, а се стравува дека има голем број мртви.

Трговскиот центар е зафатен од пламен по нападот среде бел ден.

Зеленски рече: „Невозможно е ни да се замисли бројот на жртвите“.

Кременчук е индустриски град во централна Украина, сместен на бреговите на реката Днепар.

Тоа е најновиот напад извршен од руските сили против беспомошни цивили во Украина, при што болници, училишта и домови беа уништени за време на инвазијата.