Windows 98 веќе нема да го придвижува вселенското летало во орбита околу Марс


Европската вселенска агенција (ESA) ќе спроведе големо ажурирање за вселенското летало Mars Express, што ќе овозможи големи подобрувања во научните способности на ова летало. Мисијата за истражување на вселената Mars Express беше лансирана на 2 јуни 2003 година, од кога леталото ја истражува орбитата на Црвената планета. Леталото работи во орбитата повеќе од 19 години […]

Дигитализацијата и трошоците ги затвораат филијалите на банките во Германија


Банките во Германија затвораат се повеќе филијали поради дигитализацијата на услугите и зголемените трошоци. „Минатата година бројот на филијали е намален за 10 отсто, на 21.712“, соопшти германската централна банка. Банките затворија 2.388 филијали во 2021 година, по 2.567 претходната година. Бундесбанк соопшти дека онлајн банкарството и мерките за штедење стојат зад овој тренд. Минатата […]

ЕУ на земјите членки почна да им испорачува вакцини против мајмунски сипаници


Белгија– Европската комисија денеска соопшти дека до сите земји членки почна да ги доставува заеднички купените вакцини против мајмунски сипаници. Првите 5.300 од 109.090 набавени дози ги добива Шпанија, се наведува во соопштението на ЕК до медиумите. „Првите испораки на вакцини од денеска пристигнуваат во најзагрозените земји како одговор на појавата на мајмунски сипаници“, се […]

15 најопасни аеродроми во светот


Ако имате страв од летање, следнава статистика може да ви го смири умот. Вистинските шанси да умрете на комерцијален лет (од причини поврзани со летот, како несреќи или уривања) се само околу 1 во 29,4 милиони. Сепак, не сите аеродроми се создадени исти. Опасни пристапи. Тесни и кратки ленти за слетување. Променливо и непредвидливо време. […]

Нефи Усеини пцуел новинарка


  Охридскиот бизнисмен Нефи Усеини, кој е советник од ДУИ во општинскиот Совет, не можеше да се воздржи и за време на телефонски разговор почна да пцуе новинарка на „Телма“. Новинарката од „Телма“ го праша дали постои судир на интереси затоа што фирмите во кои неговата сопруга е управител добиле три тендери, на што тој […]

Османи со тим од МНР на преговори во Софија


Eкспертски тим од тројца претставници од МНР предводен од министерот Бујар Османи вчера бил во еднодневна посета на Софија. Во бугарското МНР заедно со шефицата на бугарската дипломатија во заминување Теодора Генчовска и нејзиниот тим разговарале за нова поприфатлива верзија на францускиот предлог, јави ТВ 24. Според овие информации, преговорите се во сензитивна фаза, а […]

Драги од самитот на Г7: Наскоро повторно ќе биде можен извозот на житарици од Украина


Италијанскиот премиер Марио Драги денеска, на последниот ден од самитот на Г7 во германското место Елмау,  изјави  дека наскоро би може да биде обновен извозот на житарици од Украина, со што ќе се ублажи недостигот што првенствено ги погодува сиромашните земји. Британските медиуми го пренесуваат Драги кој на крајот од самитот кажа дека не е […]

Бугарија протерува 70 руски дипломати од Софија и го затвора рускиот Генерален конзулат во Русе 


Бугарија – Бугарската заменичка министерка за надворешни работи, Ирена Димитрова, денеска ја повика во Министерството амбасадорката на Руската Федерација, Елеонора Митрофанова, соопшти прес-центарот на Министерството. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Митрофанова била информирана за одлуката на бугарските власти да го намалат бројот на вработени во руските дипломатски претставништва во Република Бугарија во границите […]

Брегу: Берлинскиот процес есенва ќе биде реконфигуриран, фондовите треба да бидат поголеми


 Генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, гостувајќи во емисијата „Top Story“ на Топ чанел, најави дека Берлинскиот процес ќе биде реконфигуриран оваа есен. -Ова е последната информација, дека оваа есен очекуваме да имаме поголема јасност. Може да има нов самит на Берлинскиот процес, по заминувањето на канцеларката Меркел, која беше главниот автор […]

Најмалку 51 загинат во затворот во колумбискиот град Тулуа


Најмалку 51 затвореник загина во пожарот што избувна за време на бунт во добро обезбедуваниот затвор во југозападниот колумбиски град Тулуа, изјави денеска шефот на националната затворска агенција. Трагедијата претставува еден од најлошите инциденти со насилство во затвор во оваа земја. -Тоа е трагичен и катастрофален настан, изјави претходно денеска Тито Кастеланос, директор на затворската […]

Макрон го осуди апсурднотo утврдување на цената на струјата во Европа со цената гасот


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска, на крајот од самитот на Г7 во Германија, го осуди, според него, апсурдното индексирање на цените на струјата, што силно придонесува за бранот на инфлација и создава неразумен вишок профит за операторите. -Растот на цените низ Европа е данок однадвор што доаѓа преку гасот и струјата од почетокот на војната […]

Лулзим Алиу: Мирното решавање на конфликтите е предуслов за развој на здрава средина


Воспитанието и образованието се важни предуслови за градење здрави личности, кои решението на проблемите го наоѓаат по мирен пат. Токму вие како нивни наставници, покрај семејствата, играте важна улога во трасирањето и издигнувањето на учениците, кои во иднина секој конфликт треба да го решат со вербална, а не со физичка комуникација. Ова го истакна заменик-министерот […]

Николовски: Со формирањето на националниот Агро Совет, земјоделците директно учествуваат во распределба на финансиската поддршка


Вистинската грижа за земјоделците подразбира изнаоѓање на решенија за нивните проблеми, а најдобрите решенија се оние кои се подготвени заедно со земјоделците, слушајќи ги нивните маки и нивните предлози. Токму вака креираните мерки на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веќе го даваат вистинскиот ефект и резултати, соопштија од МЗШВ. – Кога го подготвуваме Националниот […]

Албанија е седма по производство на канабис во светот


Албанија – Во најновиот светски извештај за дрога објавен Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), Албанија се споменува како еден од водечките светски одгледувачи на канабис. -Според извештајот, Албанија е седма во светот меѓу најспомнуваните земји за потекло, тргнување и транзит на канабис за периодот 2016-2019 година, (од вкупно 154 земји) по Мароко, […]

Над 10 илјади полицајци ќе го обезбедуваат Самитот на НАТО во Мадрид


  Околу 10.000 припадници на безбедносните сили се распоредени низ Мадрид пред самитот на НАТО, на кој во следните два дена ќе се соберат шефовите на држави или влади на 30 земји-членки на НАТО и уште десетина лидери на земји-партнери. Самитот, на кој една од главните теми се очекува да биде новиот стратешки концепт кој […]

Со Грција ќе се воспостави електронска размена на царински информации за брз проток на граничните премини


Владата на денешната 55-та седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со иницијативата за склучување на Меморандум за разбирање за електронска размена на податоци помеѓу Царинската управа и Независниот орган за јавни приходи (НОЈП) на Грција и го прифати усогласениот текст на Меморандумот. Со овој Меморандумот за разбирање, во согласност со законодавството на ЕУ […]

Утре свечено отворање на реновираните простории на САРИЛ во Клиничката болница во Битола, донација на Големата Ложа на Македонија


Утре свечено ќе бидат отворени реновираните простории на Службата за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување (САРИЛ) како дел од Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, организирано и помогнато од страна на Големата Ложа на Македонија. На свечената церемонија ќе зборуваат д-р Александар Обедниковски, директор на Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“, Марјан Бојаџиев, Голем Мајстор […]

Радев набрзина ги заврши консултациите за нова влада, не разговараше со партијата на Петков


  Претседателот на Бугарија, Румен Радев, ги заврши консултациите со партиите за избор на нова влада, без да разговара со партијата на премиерот во оставка, Продолжуваме со промената и БСП. Радев изјави дека не го прифаќа нивното барање за одложување на разговорите за викендот, по усвојувањето на ребалансот на буџетот и ќе оди на следниот […]

Патријархот Порфириј ги повика Србите на „мир со браќата Албанци“ во Косово


Поглаварот на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Порфириј на денешната литургија по повод еден од најголемите празници на српските православни верници, Видовден, ги повика неговите сонародници на „мир со браќата Албанци“, јави дописникот на МИА од Приштина. На литургијата во манастирот во Грачаница во Косово, Порфириј порача дека соживотот со Албанците е неопходен и дека […]

Путин нема физички да присуствува на Самитот на Г-20 во Индонезија


Италијанскиот премиер Марио Драги изјави дека индонезиските власти ја отфрлиле можноста рускиот претседател Владимир Путин физички да присуствува на самитот на Г20 на Бали на 15 и 16 ноември. – Што се однесува до учеството на претседателот Путин на средбата на Г-20, индонезискиот претседател (Јоко Видодо) категорично ја отфрли, (рускиот претседател) нема да дојде, рече […]