Утре свечено отворање на реновираните простории на САРИЛ во Клиничката болница во Битола, донација на Големата Ложа на Македонија


Утре свечено ќе бидат отворени реновираните простории на Службата за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување (САРИЛ) како дел од Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, организирано и помогнато од страна на Големата Ложа на Македонија.
На свечената церемонија ќе зборуваат д-р Александар Обедниковски, директор на Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“, Марјан Бојаџиев, Голем Мајстор на Големата Ложа на Македонија и Беким Сали, министер за здравство

Станува збор за најголема донација на братството во време на Ковид 19 која се спроведува речиси две години – кога отпочнаа активностите беа најстрогите антинковид мерки.
Како што соопшија од Големата ложа на Македонија, се работеше во исклучитлно тешки услови во активен оддел со пациенти.
Донацијата која опфаќа црлосна реконструкција на одделот се спроведе во соработка со Министерството за здравстви како и раководството на болницата.
Донациите во износ од 4,4 милиони денари ги обезбедија браќата – членови на Големата Ложа на Македонија.

Инаку, Во последниве години, Големата Ложа на Македонија донираше материјали на Клиничкиот центар Скопје, на почетокот на Ковид пандемијата, донираше на браќата од Хрватска погодени од земјотресот во Глина и Петриња, а донираше за потребите на народот во Украина

Големата Ложа на Македонија е суверена масонска ложа. Таа е единствена масонска организација која е призната од „мајката“ на светската масонерија, Обединетата Голема Ложа на Англија (United Grand Lodge of England – UGLE)
Уште повеќе, светлото во Големата Ложа на Македонија го внесе токму УГЛЕ на 30 септември 2005 година. Тоа беше прво внесување на светлина од страна на УГЛЕ после 100 години.

Првите ложи во Македонија ги формираше токму УГЛЕ и тоа: Ложата Скопје, во 2000 г.,
Ложата Единство, во 2002 г, прва ложа во историјата која работи на македонски јазик и
Ложата Бели Мугри, во 2003 г.

Денес во Северна Македонија работат вкупно 220 браќа организирани во 8 ложи, од кои една, Quatuor Coronati, се бави само со истражувања.

Нераскинливите врски со Англија и ден денес се активни преку огранок на степенот на Кралскиот свод /Royal Arch/ кој работи под јурсидикцука на Supreme Grand Chapter of England.

Со Големата Ложа на Македонија раководи нејзиниот петти Голем Мајстор, Марјан Бојаџиев.

Масонеријата се бави со ритуална работа и едуцирање и подобрување на своите членови, пред сé од аспект на моралните вредности.

Масонеријата е активна и во добродетелската работа.