Нефи Усеини пцуел новинарка


 

Охридскиот бизнисмен Нефи Усеини, кој е советник од ДУИ во општинскиот Совет, не можеше да се воздржи и за време на телефонски разговор почна да пцуе новинарка на „Телма“.

Новинарката од „Телма“ го праша дали постои судир на интереси затоа што фирмите во кои неговата сопруга е управител добиле три тендери, на што тој збесна.

„Не е фирмата на мое име, нема судир на интереси. Јас не гласам на тие тендери. Е*и си мајката, пи*ка ти матер. Немој повеќе да ми ѕвониш, што ти треба ќе барате во Општина“, викаше Усеини.

Однесувањето на Усеини го осудија новинарските здруженија. Овој инцидент се случи еден ден откако тој доби ослободителна пресуда за употреба на насилство, бидејќи нападнатиот го смени исказот.