Брегу: Берлинскиот процес есенва ќе биде реконфигуриран, фондовите треба да бидат поголеми


 Генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, гостувајќи во емисијата „Top Story“ на Топ чанел, најави дека Берлинскиот процес ќе биде реконфигуриран оваа есен.

-Ова е последната информација, дека оваа есен очекуваме да имаме поголема јасност. Може да има нов самит на Берлинскиот процес, по заминувањето на канцеларката Меркел, која беше главниот автор на овој процес. Се разбира, војната во Украина го турна донесувањето одлуки, но ќе има враќање на сцената оваа есен, рече Брегу.

Според неа друг проблем што го следи овој процес се средствата.

-Затоа што покрај средбите, покрај дијалогот, покрај можностите да разговараме меѓу себе, да соработуваме, секој процес бара инвестиција зад себе. Повторно ги слушам тезите и оние предложени од Макрон, кога ќе се присетам и ќе се вратам во минатото, се сеќавам на нашите први предлози, барем од 2009 година, кога и предложивме на Европската Унија, нова стратегија за годишните фондови за помош што ЕУ ги дава на земјите во процесот на проширување, што ги добиваат нашите земји. Не беа малку, околу 90 милиони евра. А логиката е дека една земја, пред да стане членка, е во процес на заостанување, има помалку патишта, помалку училишта, помалку добри стандарди во институциите за превоспитување, потоа има можности да се инвестира во здравствениот систем… а логиката наведува дека средствата треба да бидат поголеми пред членството, рече Брегу.

Регионалната интеграција, оценува таа, е неопходна за развојот на Западен Балкан, нагласувајќи дека овој процес не го заменува патот кон Европската унија, и оти регионалната соработка ги развива земјите и привлекува повеќе големи инвеститори.

-Секоја од земјите во регионот е многу мал пазар, земен сам по себе, не е интересен за голем инвеститор. Голем инвеститор доаѓа со барања за поквалификуван пазар и работна сила, што е тешко да се најде не само на едно место. На пример, неколку пати го споменувам случајот кога министерот за иновации и технологија во Северна Македонија ми кажа кога една германска компанија им побарала 1.000 ИТ експерти за бизнис, а тие им кажале немаме. Доколку меѓусебно не ги признаеме дипломите и академските титули и доколку не побараме да функцонираме како процес за јакнење на заедничкиот пазар постојано ќе биде тешко да се најде интересен пазар за големи инвестиции. Стара изрека е дека кога имаш некоја потреба, првата врата на која ќе тропнеш е вратата на соседот, рече таа.

Поради тоа, процесот на регионална соработка од година во година има се поголема поддршка, вели Брегу, додавајќи дека поради оваа причина е создаден Берлинскиот процес.

-Во моментот кога почна да се замрзнува процесот на европска интеграција или проширување, во 2014 година започна Берлинскиот процес, за да се задржат блиску шесте земји од регионот, политичките лидери, започнатите процеси. Исто така да им се даде шанса да се зајакнат додека не станат заедно членки на Европската Унија, изјави Бегу.

Но, рече таа, ниту ова не се покажа и не заврши како успешна приказна, затоа ќе продолжиме со втората фаза од Берлинскиот процес, кој како што повори ќе се реконфигурира оваа есен.