Макрон ја назначи Елизабет Борн за нов француски премиер


Франција– Триесет години по краткиот престој на Едит Кресон (1991-1992) во хотелот „Де Матињон“, од вечерва тој повторно ќе биде запоседнат од жена. Реизбраниот француски претседател Емануел Макрон денеска ја назначи Елизабет Борн за нов премиер на земјата, соопшти Елисејската палата, јави дописникот на МИА.   Поранешната шефица на РАТП  и поранешен префект на Поату-Шарент, […]

Ги славиме традицијата и културното наследство- oтворена изложбата „Жени во занаетчиство“ 


Уникатни изработки од 30-тина жени занаетчии се поставени на изложбата насловена „Жени во занаетчиство“, која следниве два дена ќе биде отворена во Кабинетот на претседателот, по повод Деновите на занаетчиството. Изложбата е под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓорѓиевска, а во организација на Центарот за управување со промени. Според сопругата на претседателот Елизабета Ѓорѓиевска, целта […]

Луксуз заштитен од УНЕСКО- Ричард Бренсон на Мајорка го отвора својот следен луксузен хотел 


Шпанија- Ај, Диос мио! Сер Ричард Бренсон носи малку повеќе луксуз на шпанските Балеарски Острови. Virgin Limited Edition на милијардерот, кој моментално надгледува седум висококвалитетни одморалишта ширум светот, штотуку објави дека гради нов луксузен хотел во Мајорка. Планирано да се отвори во летото 2023 година, новиот хотел е дел од имотот Сон Буњола од 810 […]

РПЦ стравува дека Грција насилно ќе ги протера руските монаси од Света Гора


Русија– Руската православна црква стравува дека руските монаси би можеле насилно да бидат протерани од Света Гора, изјави денеска секретарот за меѓуверски односи во Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, Дмитриј Сафонов, пред посетата на вселенскиот патријарх Вартоломеј. – Посетата на патријархот Вартоломеј на Света Гора е закажана за крајот на мај и […]

Медведев и натаму се надева на настап на Вимблдон


Англија – Вториот светски тенисер, Русинот Данил Медведев, сè уште се надева дека ќе добие право да игра на третиот годинешен грен-слем турнир во Вимблдон, иако организаторите забранија настап на руските и белоруските тенисери и тенисерки поради инвазијата на Русија врз Украина. Забраната изречена од организаторите на Вимблдон и Британската тениска федерација претходно остро ја осудија АТП и ВТА, како и бројни тенисери, а Шпанецот Рафаел Надал […]

Османи од Брисел: Топката е кај Бугарија


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше на првата седница на формалниот Совет за надворешни работи на ЕУ со министрите од Западен Балкан. Османи порачал дека на Бугарија е да го искористи политичкиот момент за спас на кредибилитетот на ЕУ во регионот, јави дописничката на МИА од Брисел. За прв пат денеска шесте министри за […]

Радев ќе се борел против „македонизмот“ низ цела Европа


  Бугарскиот претседател Румен Rадев уште еднаш ја повтори својата исклучително тврда позиција во однос на Македонија и можноста да биде кренато ветото на Софија на јунскиот самит на ЕУ. По разговорите со во Берлин со својот домаќин, германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, и со канцеларот Олаф Шолц, во изјава за бугарските новинари Радев рече неговата […]

Маје Маск на насловница на „Спортс илустрејтед“- важен е духот, а не годините


САД– Маје Маск повторно ги руши табуата за убавина и на зрели години. 74-годишната манекенка, авторка, мајка и активистка продолжува да го менува разговорот околу стареењето со нејзината насловна страница за костими за капење Sports Illustrated од 2022 година, придружувајќи им се на мега инфлуенсерката Ким Кардашијан, пејачката Сиара и моделот во подем Јуми Ну […]

Вашингтон пост ја укина претплатата за читателите во Русија и Украина 


САД– Вашингтон пост, еден од главните американски дневни весници, ја укина претплатата за пристап до својата онлајн содржина за читателите од Русија и Украина, соопшти денеска изданието.  Весникот отвори и свој канал на руската социјална мрежа Телеграм, каде се споделуваат содржини од известувањето во живо за војната во Украина, се навдува во Телеграм каналот на […]

Крај на една романса – „Мекдоналдс“ целосно ја напушта Русија


  Повеќе од три децении откако стана првиот американски ресторан за брза храна отворен во Советскиот Сојуз, „Мекдоналдс“ во понеделникот објави дека започнал процес на продажба на својот бизнис во Русија, уште еден симбол на зголемената изолација на земјата поради војната во Украина. Компанијата, која има 850 ресторани во Русија кои вработуваат 62.000 луѓе, укажа […]

Министерот Сали не се откажува од клинички центар, но ќе го повлече законот


  Еден од најоспоруваните од опозицијата законски проекти – оној за изградба на новиот клинички центар – ќе биде повлечен. Тоа би можело да значи дека опозицијата извојува една мала победа, но и разумско политичко однесување на власта дека за да се стигне до целта некогаш треба да направиш и некој чекор назад. Откажувањето на […]

ЕКО одбрана – АРМ сама ќе си произведува струја од фотоволтаици


  Министерката за одбрана, Славјанка Петровска денеска го претстави планот на Министерството за одбрана за повисоки еколошки стандарди во одбраната наречен „ЕКО одбрана“, којшто ќе се спроведува преку четири столба. – Заштита на животната средина и справувањето со предизвиците од климатските промени се меѓу главните приоритети и на Владата, но се дел и од агендата […]

До РКЕ пристигнаа првите барања од енергетските компании за цената на електричната енергија


До Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) пристигнаа првите барања од енергетсктие компании за цената на електричната енергија што треба да важи после 1 јули на регулираниот пазар. Досега барање до РКЕ имаат доставено Електродистрибуција за дистрибуција на електрична енергија, МЕМО за вршење на дејност организирање и управување со пазарот на електрична енергија […]

Повторно тревога во Белград: по училиштата, дојава за бомба во 100 погони на „Водовод“


Штотуку примивме анонимна дојава дека во сите производствени погони на „Белградски водовод“ поставени се бомби – изјави за „Новости“ заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ. -Ние постапуваме во согласност со прописите кои налагаат адекватно однесување и реагирање во вакви ситуации и полицијата веќе се наоѓа во погоните на водовод. Граѓаните не треба да се грижат, затоа […]

Од Макрон, со не многу љубов


(Колумна за Дојче веле) Како едвај да чекаше да победи на претседателските избори за Емануел Макрон да ги објави своите нови идеи за politique de grandeur за формирање „Европска политичка заедница“ во која би се собрале сите во Европа и подалеку од неа. И оние што сакаат да бидат дел од ЕУ, и оние што […]

Официјално: И Шведска ќе поднесе барање за членство во НАТО


  Шведската премиерка Магдалена Андерсон на прес-конференција попладнево соопшти дека нејзината земја ќе поднесе барање за членство во НАТО, со што ќе се повлече од долгата историја на воена неутралност. Тоа доаѓа една недела по истата таква објава на соседот Финска. Андерсон додаде дека е уверена оти има поддршка за тоа кај шведскиот народ. Според […]

Русија се согласи на евакуација на ранетите војници од „Азовстал“


  Министерството за одбрана на Руската Федерација извести дека се договорило со украинската страна за евакуација на ранетите украински војници од територијата на блокираната фабрика „Азовстал“ во Мариупол. Соопштението е цитирано од Интерфакс. „На 16 мај, како резултат на преговорите со претставници на украинскиот воен персонал блокиран на територијата на металуршката фабрика ‘Азовстал’ во Мариупол, […]

За домаќинствата ќе се воведуваат блок тарифи во зависност од потрошувачката на електрична енергија


Во фаза на завршна подготовка е најголемата измена на тарифниот систем за електрична енергија од осамостојувањето до денеска и сигурно е дека ќе се воведат блок тарифи. Во моментов ги правиме последните анализи со Електротехничкиот и Машинскиот факултет – дали да има три или четири блок тарифи, но сигурно е дека блок тарифите нема да […]

Шокантно сведочење: руски офицери убивале свои ранети војници


  Руските команданти наводно ги убиваат сопствените ранети војници наместо да ги извлечат од бојното поле на лекување, изјавија заробени руски војници. Потполковник беше обвинет дека лично застрелал повеќе војници додека лежеле повредени, пишува „Дејли мејл“. Тоа се случува кога истрагите во ужасниот град Буча открија дека 650 цивили биле застрелани а не погодени од […]

Фико: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан е многу важен процес


 Решавањето на прашањето за проширувањето на ЕУ со Западен Балкан е од стратешко значење за целата ЕУ, изјави Роберто Фико, претседателот на италијанскиот Дом на пратеници, при посетата на Софија. Тој ја потенцираше темата за проширувањето на Западен Балкан по средбата со претседателот на Народното собрание на Бугарија Никола Минчев, на чија покана се наоѓа […]