Повторно тревога во Белград: по училиштата, дојава за бомба во 100 погони на „Водовод“


Штотуку примивме анонимна дојава дека во сите производствени погони на „Белградски водовод“ поставени се бомби – изјави за „Новости“ заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ.

-Ние постапуваме во согласност со прописите кои налагаат адекватно однесување и реагирање во вакви ситуации и полицијата веќе се наоѓа во погоните на водовод. Граѓаните не треба да се грижат, затоа што ќе обезбедиме уредно снабдување без оглед на овие провокации – додава тој.

Васиќ вели дека „Белградски водовод3 има повеќе од 100 погони и наведува дека „очигледно против Србија се води кибер војна.“

Утрово, дојави за бомби добија 97 училишта во главниот град на Србија, а на учениците не им беше дозволено да влеат во зградите додека полицијата не утврди дека дојавите се лажни.