Русија се согласи на евакуација на ранетите војници од „Азовстал“


 

Министерството за одбрана на Руската Федерација извести дека се договорило со украинската страна за евакуација на ранетите украински војници од територијата на блокираната фабрика „Азовстал“ во Мариупол. Соопштението е цитирано од Интерфакс.

„На 16 мај, како резултат на преговорите со претставници на украинскиот воен персонал блокиран на територијата на металуршката фабрика ‘Азовстал’ во Мариупол, беше постигнат договор за евакуација на повредените“, соопшти руското министерство.

Руското министерство прецизираше дека е воведен режим на тишина во областа на „Азовстал“ и е отворен е хуманитарен коридор преку кој ранетите украински војници биле однесени во медицинска установа во Новоазовск во таканаречената Донецка Народна Република.

Украинската страна се уште не ја коментира евакуацијата на повредените од „Азовстал“.