Saudi Aramco го престигна Apple – која е највредна компанија во светот?


Нафтениот гигант Saudi Aramco го престигна Apple и повторно стана највредна компанија на светот, благодарение на растот на акциите поттикнат од високите цени на нафтата. Aramco сега вреди 2.430 милијарди долари, во однос на пазарната капитализација од 2.370 милијарди долари на Apple.   Титулата „највредна светска компанија“, Aramco ја стекна после историската иницијална јавна понуда во 2019 година, […]

Монфис го откажа настапот на Ролан Гарос


Франција – Францускиот тенисер Гаел Монфис (35) го откажа настапот на грен – слем турнирот во Ролан Гарос, поради операција на десната пета. Монфис, кој е 22. рангиран на АТП листата, добро ја започна оваа сезона, освојувајќи го турнирот во Аделаида, а дојде до четвртфиналето на Австралија Опен. – За жал морам да ве известам дека нема да […]

Поранешниот шпански крал Хуан Карлос ќе се врати во земјата


Шпанија– Поранешниот крал на Шпанија, Хуан Карлос ќе се врати во земјата овој викенд, првпат од август 2020 година. Шпанската телевизија „Кадена СЕР“ објави дека поранешниот монарх прво ќе ја посети Галиција, а потоа и Мадрид, каде се очекува да се сретне со неговиот син, сегашниот крал Фелипе Шести. Хуан Карлос живее во Абу Даби откако ненадејно ја напушти Шпанија во 2020 година, […]

Совети за диети без воздржување од благо


САД – Многу строги диети наметнуваат ограничување за јадење слатки, но некои стручњаци сметаат дека тоа не е вистинскиот пристап и дека доведува до лоши ефекти. Затоа, ако човекот има желба да касне нешто слатко, треба да ѝ се препушти на таа потреба. Следат неколку здрави можности кои нутриционистите ги препорачуваат… Десерти во контролирани порции Само […]

Вулин: Против Србија се води специјална војна


Србија– По заканувачките вчерашни дојави за поставени бомби во основните и средни училишта во Белград, пристигнаа нови закани, дека се поставени експлозивни направи на мостовите во Белград, во трговските центри, зоолошката градина, ресторани и железничката станица, амбасади и други објекти, јави дописникот на МИА од Белград. „Експлозивот е поставен на следните локации: Бранковиот мост, мостот […]

Австрија не планира да се приклучи на НАТО


Белгија– По објавените кандидатури на Шведска и Финска за влез во НАТО, министерот за надворешни работи на Австрија Александар Шаленберг рече дека Австрија не планира да се приклучи на воената алијанса. – Имаме сосема поинаква географска ситуација, изјави Шаленберг на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел. – Имаме многу […]

САД извршија успешен тест на хиперсонично оружје 


САД– Воздухопловните сили на САД објавија дека извршиле успешен тест на хиперсонично оружје, кое лета петпати побрзо од брзината на звукот. Тестот е извршен во саботата, во близина на брегот во близина на Јужна Калифорнија, кога бомбардер Б-52 истрелал „Оружје за брз одговор“ (ARRW). – По одвојувањето од авионот оружјето за брз одговор се покрена […]

Работилница за филмска критика во Кинотеката


Во Кинотеката во Скопје денеска ќе се одржи работилница за филмска критика, каде учесниците ќе можат да го видат филмот „Бунтовник без причина“ во режија на Николас Реј, во кој главните улоги ги играат Џемс Дин и Натали Вуд. Ментори на работилниците се новинарките и филмски критичарки Сунчица Уневска и Гена Теодосиевска. Работилница за филмска […]

Стабилна е состојбата со Ковид-19, ќе се прави симулација за можна појава на петти бран


Состојбата со КОВИД-19 во државата е стабилна. Надлежните сметаат дека постојните ковид мерки треба да останат, иако 99 отсто од нив се укинати. Во моментов пак, се планира третманот на постковид пациентитите. -Состојбата е стабилна и линеарна. Секој ден добиваме исти бројки, така што засега е мирно и немаме некој аларм што се најавува за […]

ЕУ стави рок спорот да се реши до јули, ќе продолжи со притисок врз Софија и Скопје


ЕУ потврди ако спорот меѓу Скопје и Софија не се реши до крајот на француското претседавање ќе има длабока криза со регионот. Софија за кревање на ветото повтори дека очекува „конкретни чекори заедно да се изодат без какви било календари или очекувања“. Скопје, пак, порача дека сите услови за старт на преговорите со ЕУ се […]

Во ЕУ се уште нема договор за шестиот пакет санкции за Русија


Белгија – Европската унија се уште не постигнала договор за шестиот пакет санкции против Русија, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на прес-конференција по состанокот на Советот на ЕУ. Борел кажа дека сè уште нема неопходен консензус за предложената забрана за увоз на руска нафта. -Ќе продолжиме да […]

Во судар на возови кај Барселона еден загинат и 85 повредени патници


Шпанија– Едно лице загина, а 85 се повредени во судар што вчера се случи во Каталонија меѓу товарен и патнички воз, соопштија шпанските власти и железничката компанија. Службите за брза помош соопштија дека помагаат да се евакуираат околу 100 луѓе од патничкиот воз. Несреќата се случила околу 18 часот, на околу 15 километри од Барселона, […]

Сончево и топло


Времето претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 17 мај 2022 година, 133-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 232 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 13 минути, а ќе зајде во 19 часот и 47 минути. Денов трае 14 часа и 34 минути. Месечината, која е во фаза полна месечина, ќе изгрее во […]

ВМРО-ДПМНЕ вели „Премногу е“ и најави граѓански протест за 18 јуни


  Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва најави дека на 18 јуни, пет дена пред клучниот самит на лидерите на ЕУ за време на француското претседателство, ќе одржи голем граѓански протест на кој ќе се побраат предвремени парламентарни избори. А во исто време ќе ја продолжи  и активната блокада на Собранието. Тоа вечерва го изјави потпретседателот на партијата, […]

Почна евакуацијата на украинските борци од „Азовстал“


  Околу десетина автобуси со украински борци кои беа заробени под опколената челичарница „Азовстал“ се видени како ја напуштаат локацијата, јавува агенција Ројтерс. Ова не е потврдено од украинските власти. Висок командант на украинските сили во опколената централа, претходно во објава на социјалните мрежи рече дека тамошните борци ја спроведуваат одлуката на високата команда на […]

Ердоган непопустлив: Турција ќе каже „не“ за Шведска и Финска во НАТО


  Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го потврди противењето на Турција за членството на Финска и Шведска во НАТО, повторно обвинувајќи ги дека не зазеле јасен став против тероризмот. „Нема да им кажеме ‘да’ на оние (земјите) кои применуваат санкции кон Турција за да се приклучат на безбедносната организација НАТО“, рече Ердоган во понеделникот. Шведска […]

По одлуката на СПЦ – еден чекор напред или сто чекори назад?


  Големи недоумици предизвика денешната одлука на Соборот на Српската православна црква за статусот на МПЦ-ОА. Што значи тоа – дека нема признавање на автокефалноста и само доделување статус на автономност каква што беше до 1959 или чекор напред во односите меѓу двете цркви. „Тоа не е само еден, туку 100 чекори враќање наназад за […]

Слави Трифонов пак го обвини премиерот Петков околу Македонија


  Лидерот на бугарската партија Има таков народ повторно го обвини премиерот Кирил Петков дека се обидува да протурка политика која не била координирана во коалицијата, а се однесува на Македонија, Украина и еврото. И уште дека ги попречувал преговорите околу гасот. Слави Трифонов на Фејсбук напиша дека претставниците на партијата која е носител на […]

Борел: Ако не се реши спорот меѓу Скопје и Софија пред јули, ќе бидеме во длабока криза со регионот


Белгија – Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел изјави дека поставува временска рамка за решавање на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија, до крајот на француското претседателство, на 30 јуни, јави дописничката на МИА од Брисел. Борел ова го изјави вечерва на прес – конференцијата по Министерскиот совет за надворешни работи, на кој […]