Почна евакуацијата на украинските борци од „Азовстал“
Околу десетина автобуси со украински борци кои беа заробени под опколената челичарница „Азовстал“ се видени како ја напуштаат локацијата, јавува агенција Ројтерс.
Ова не е потврдено од украинските власти.
Висок командант на украинските сили во опколената централа, претходно во објава на социјалните мрежи рече дека тамошните борци ја спроведуваат одлуката на високата команда на украинската војска да ги спасат животите на службениот персонал, но тој не даде детали за тоа каква е одлуката.
Не беше можно да се утврди колку војници имало во автобусите. Исто така, не е јасно дали сите во нив се меѓу 40-те ранети борци за кои украинските офицери велеа дека биле под централата. Се вели дека внатре имало околу 600 војници.
Претходно руското Министерство за одбрана соопшти дека постигнало договор со Украина ранетите војници да бидат евакуирани од опколената челичарница „Азовстал“.
Во исто време од бункерите на „Азовстал“ се појавија уште неколку исклучителни фотографии за тоа како живеат и се борат борците што се заглавени таму. Тие дури се на рангот на вистинска уметност.

