Монфис го откажа настапот на Ролан Гарос


Франција – Францускиот тенисер Гаел Монфис (35) го откажа настапот на грен – слем турнирот во Ролан Гарос, поради операција на десната пета.

Монфис, кој е 22. рангиран на АТП листата, добро ја започна оваа сезона, освојувајќи го турнирот во Аделаида, а дојде до четвртфиналето на Австралија Опен.

– За жал морам да ве известам дека нема да настапам на турнирите во Лион и Ролан Гарос. Имам проблеми со десната пета што го отежнува моето движење на теренот. Затоа одлучив да одам на помал оперативен зафат оваа недела со цел да го решам проблемот со петицата пред да се вратам на теренот, објави Момфис на социјалните мрежи.

Францускиот тенисер нема грен – слем трофеј во кариерата, а најдалеку стигна во 2008 година на Ролан Гарос и 2016 на Ју-Ес Опен.