Кина прекуноќ затвори град поради омикрон


Кина прекуноќ затвори индустриски град со девет милиони жители, информирајќи денеска за над 4.000 случаи позитивни на коронавирус. Кинеската стратегија „нулта-Ковид“ се соочува со бран на варијантата омикрон, јавија локални медиуми. Со нови 4.770 инфекции ширум земјата, синоќа се донесе одлука, градот Шенјанг да биде под „локдаун“. Во Шенјанг, индустриски град на фабрики како производителот […]

Енергетска криза и мерки на албанската влада за заштеда на струја


Заради заштеда на електрична енергија, албанската влада одлучи државната администрација да не работи и вчера, 21 март, ден пред празникот на Бектешката заедница, Султан Невруз, кој во земјата е неработен ден.   Врз основа на владината одлука, викендот за сите вработени во државната администрација започна во сабота и ќе трае до утре. Во исто време […]

Три интервенции на кумановските пожарникари изминатово деноноќие


Кумановските пожарникари имале три интервенции во изминатото деноноќие. Горела шума над липковското село Руница, гаража во Куманово, како и покрив на семејна куќа во липковското село Лојане, соопштија денеска од РЦУК Куманово. Повикувајќи се на известувањето на службеници од граничната полиција од Белановце, од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово информираат дека пожарот на стеблеста шума […]

ИЗЈ: Минатата недела раст на бројот на новозаболени од Ковид-19 за 0,9 отсто


 Во периодот од 14 до 20 март тестирани се вкупно 15.577 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 2,1 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани се 1.834 нови позитивни случаи од 32 градови во државата, со зголемување од 0,9 отсто во однос […]

Преговори за зголемување на платата во националната Пошта


Владата во рок од седум дена треба да изготви финансиска конструкција за примена на линерано покачување на нето платата на вработените во А.Д Пошта на Северна Македонија по што ќе продолжат преговорите за зголемување на платите, информираа од Сојузот на синдикатите на Македонија по денешната средба на Синдикатите во АД Пошта со директорот Јани Макрадули […]

Мекалистер: Чекате толку многу, време е една земја членка да даде зелено светло за преговори


  Претседавачот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер, порача денес дека е крајно време Македонија и Албанија да ги почнат преговорите за членство. „Повеќето од нас овде давааме силна поддршка да ги решите билатералните проблеми што стојат на патот на итно почнување на преговорите. Оваа земја чека толку многу години, ветување […]

Навални прогласен за виновен за измама од „особено големи размери“


Судот во Москва денеска го прогласи опозицискиот лидер Алексеј Навални за виновен за измама од особено големи размери. Судијката Маргарита Котова во пресудата наведе дека Навални „извршил измама, односно кражба на туѓ имот со измама и повреда на довербата“. Според пресудата, судот ја утврдил вината на Навални за сите четири точки од обвинението за „измама […]

Објавен нов конкурс за издавање учебници за четврта година средно стручно четиригодишно образование


Објавен е нов конкурс за издавање на учебници за четврта година средно стручно четиригодишно образование, за повеќе струки – геолошка, рударска, металуршка, градежно – геодетска, графичка, економско – правна, трговска, електротехничка, здравствена, земјоделско – ветеринарна, лично услуги, машинска, сообраќајна, текстилно – кожарска, угостителско – туристичка, шумарско – дрвопреработувачка и хемиско – технолошка струка, информира Министерството […]

Украина: Во војната убиени се 117 деца


  Украинскиот парламент утрово објави дека од почетокот на руската инвазија на Украина убиени се 117 деца, а 155 се ранети во нападите на руските сили. Најголем број жртви се забележани, како што тврди украинскиот парламент, во Киев, харкив и во Чернихив, на северот на земјата. ‼️117 УКРАЇНСЬКИХ ДІТЕЙ ВБИЛА КРАЇНА-ТЕРОРИСТ 🔷 Станом на 22 […]

Првата европска фабрика за електромобили на „Тесла“ отворена близу Берлин


 „Тесла“ денеска ја отвора својата нова фабрика за електрични автомобили во околината на Берлин. На свеченоста, Илон Маск се очекува да им ги предаде првите возила „Модел ипсилон“ на нарачателите. Се очекува на настанот да присуствуваат и германскиот канцелар Олаф Шолц и министерот за економија, Роберт Хабек. Таканаречената „Гигафактори“ (Gigafactory), сместена во руралната покраина Бранденбург, […]

(Галерија) Пролетта измамува воздишки


Пролетта е годишно време кое секогаш измамува воздишки за што секако придонесува и будењето на природата од зимскиот сон. Годинава времето беше постудено од вообичаено од она што сме навикнати во март, особено навечер и наутро, но тоа не ги попречи дрвјата да расцветаат. За среќа, временската прогноза за наредните денови предвидува постепено затоплување и […]

Две жени се убиени во напад со нож во шведско училиште


Две жени починаа од повредите здобиени во напад со нож во средно училиште во Малме, Шведска, а за нападот е осомничен 18-годишен ученик кој е уапсен, соопшти шведската полиција. Двете жени на возраст од 50-тина години биле вработени во средното училиште во Малем, трет град по големина во Шведска. Медиумите пишуваат дека имал нож и […]

Портрет на Мерилин Монро проценет на 200 милиони долари


Аукциската куќа „Кристи“ објави дека во мај ќе се продава портрет на Мерилин Монро од американскиот поп-арт“ уметник Енди Ворхол. Сликата е проценета на 200 милиони долари. Станува збор за делото „Shot Sage Blue Marilyn“ („Мудрата Мерилин во сино“) насликано 1964 година, соопштија од „Кристи“. Познатата слика сега ѝ припаѓа на Фондацијата на Томас и […]

Британскиот конзорциум понуди над три милијарди фунти за Челси


Британскиот конзорциум се вклучи во борбата за купување на Челси, пишува „Bloomberg“. Според изворот, здружението, предводено од лондонскиот инвестициски фонд „Centricus“, понудило повеќе од три милијарди фунти за актуелниот европски шампион. Забележано е дека во конзорциумот се вклучени и инвестицискиот фонд „Cheyne Capital“ и компанијата за ризичен капитал „Talis Capital“, кои се подготвени да инвестираат […]

Врховна рада на Украина: Пожари во близина на нуклеарната централа во Чернобил шират радијација


Врховната рада на Украина предупреди дека на територијата на Чернобил алтивни се најмалку седум различни пожари. Тие биле регистрирани со снимки од сателитот Сентинел-2 на Европската вселенска агенција. Според знаците за класификација за итни случаи, критериумите за пожар во зоната на исклучување не смеат да надминуваат обем од 0,05-0,2 квадратни километри, но сегашната состојба на […]

Бајден: Путин размислува за употреба на биолошко и хемиско оружје во Украина


Обвинувањата на Русија дека Киев поседува биолошко и хемиско оружје се лажни и покажуваат дека рускиот претседател Владимир Путин размислува да го употреби во војната против Украина, изјави синоќа американскиот претседател Џо Бајден, не наведувајќи никакви докази. „Путин е притиснат на ѕид и сега изнесува нови лажни тврдења дека ние во Америка имаме биолошко, како […]

Украинска армија: Населението да се подготви за неселективни руски напади


Украинската армија денеска соопшти дека населението треба да биде подготвено за неселективно руско гранатирање на виталната цивилна инфраструктура. Украинските вооружени сили соопштија дека се очекува руските сили да продолжат со нападите врз виталната инфраструктура користејќи „оружје со висока прецизност и неселективна муниција“. Генералштабот на украинските вооружени сили, исто така, објави дека руските трупи го окупирале […]

Не се пронајдени преживеани по падот на авионот во Кина


По падот на авионот на кинеската авиокомпанија Чајна Истерн Ерлајнс, во кој имаше 132 лица, не се пронајдени преживеани, а потрагата продолжува денеска, јави кинеската државна телевизија. Во извештајот се наведува дека меѓу остатоците од авионот кои се пронајдени на местото на несреќата, досега не е пронајдено ниту едно лице. Синхуа јави дека авионот создал […]

Западeн Балкан доби свое место во Стратешкиот компас на Европската Унија


Западeн Балкан доби свое место во Стратешкиот компас како идна воена стратегија на Европската Унија. Во Документот се посочува дека „безбедноста и стабилноста низ Западен Балкан се се уште нецелосни поради растечкото странско мешање, кампањи за манипулација со информации, како и потенцијално прелевање од сегашната влошена европска безбедносна ситуација“. „Видливиот напредок во владеењето на правото […]

Русија се повлече од мировните преговори со Јапонија и ги замрзна заедничките економски проекти


Русија се повлече од мировните преговори со Јапонија и ги замрзна заедничките економски проекти околу спорните Курилски Oстрови поради санкциите што и ги воведе Токио поради Украина, што предизвика реакција од Јапонија. Русија и Јапонија се уште официјално не ги завршиле непријателствата од Втората светска војна поради конфликтот околу островите познати во Русија како Курилски […]