Собранието ќе ја одржи 64. седница


Собранието денеска ќе ја одржи 64. седница, на чиј дневен ред се Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за животната средина, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за полиција, како и Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи, сите во второ читање. Пратениците ќе расправаат […]

Баба Mарта дојде: Облачно со повремен снег


Времето ќе биде променливо облачно, во западните и јужните делови со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 0 до 5 степени. Во Скопје променливо облачно со слаб до […]

Во црква во Сакраменто маж ги убил своите три деца и сопругата, а потоа и себеси


САД– Во црква во Сакраменто, Калифорнија, маж пукал и ги убил своите три деца и сопругата, по што се самоубил. Според Си-Ен-Ен, тој влегол во црквата и ги убил своите три деца, сите помлади од 15 години, а потоа се самоубил. Петто лице е пронајдено мртво и идентификувано како сопруга на убиецот, изјави портпаролот на […]

Закана од Москва: Сите кои испорачуваат оружје за Украина ќе сносат одговорност


Русија – Руското Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека сите оние кои испорачале смртоносно оружје во Украина ќе одговараат доколку се употреби за време на руската воена операција во земјата. Министерството додаде дека чекорите што ги презема Европската унија против Русија нема да останат без одговор. Речиси сите европски земји најавија помош за Украина во […]

Младите на Балканот обединети со фудбал


Спортски организации и клубови од Република Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, креираа широко Балканско партнерство за поттикнување социјална кохезија и добросотојба на младите преку фудбал во рамки на проектот „Играј и вклучи се”( Play2include). Проектот се имплементира со поддршка на ФИФА фондација (FIFA Foundation), Германско друштво за меѓународна соработка (GIZ) и Француската развојна […]

Состојба на патиштата


РАБОТА НА ПАТ: ”Стентон градба ДОО” известува за времена измена на режим на сообраќај на државен пат крак А1 ,делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп), поточно после мостот на р. Раец кон Плетвар заради отпочнување со градежни активности на 02.03.2022 г. во врска со проект Рехабилитација на државен пат А1,Делница Фариш-Прилеп и ќе трае во наредните […]

Балетската претстава „Ана Каренина“ денеска и утре во НОБ


Во Националната опера и балет денеска и утре ќе се изведе „Ана Каренина“, балетска претстава во два чина со одбрана музика од рускиот композитор Петар Илиќ Чајковски. Кореографијата е на Лео Мујиќ од Хрватска, сценографијата е на Александар Ношпал. -Во повеќе од два часа, балетските уметници на Националната опера и балет, на чело со впечатливиот, […]

Скопје без одлагање да ги почне преговорите, создадени услови за забрзување на процесот на наоѓање решенија со Софија


Скопје и Брисел со став дека Северна Македонија треба без одлагање да ги почне пристапните преговори со ЕУ и оти се создадени услови за забрзување на процесот на наоѓање решенија со Софија. Премиерот Димитар Ковачевски и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји на средба вчера во Лондон, која беше дел од работната агенда […]

Одбележување на Денот на баталјонот за специјални сили


Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе се одржи церемонија за одбележување на 1 март – Ден на баталјонот за специјални сили на Армијата на Република Северна Македонија. На церемонијата ќе се обрати министерката за одбрана Славјанка Петровска и заменик началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин.

Ограничени маржи наместо замрзнати цени на основните прехранбени производи


Стапи во сила одлуката за одредување највисоки трговски маржи на продажните цени на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало, што минатиот вторник ја донесе Владата на предлог на Министерството за економија, а престанува да важи претходната одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи. Новата одлука, во која на листата на […]

Се смирува четвртиот ковид бран, Комисијата за заразни болести ќе ја анализира епидемиолошката состојба


Продолжува трендот на намалување на бројот на активни ковид случаи, поради што надлежните очекуваат во наредниот период да се стабилизира епидемиолошката ситуација во државата. Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје, во државава активни се 3.496 случаи, од кои 1895 се во Скопје. Министерот за здравство вчера истакна дека бројките на новозаразени секојдневно […]

Бугарскиот Парламент на вонредна седница ќе решава за оставката на министерот за одбрана


Бугарија – За оставката на бугарскиот министер за одбрана Стефан Јанев денеска ќе се гласа на вонредна седница на Парламентот, јави дописникот на МИА од Софија. Оставката ја побара бугарскиот премиер Кирил Петков, кој изјави дека ниту еден министер во Владата нема право на своја надворешна политика, особено на Фејсбук. Повод за неговата изјава беше објава […]

ОН: Над половина милион бегалци се во соседните земји на Украина и бројот се зголемува


САД– Во соседните земји на Украина во моментов се наоѓаат 520.000 украински бегалци и тој број драстично се зголемува од час во час, изјави Филипо Гранди, високиот комесар на ОН за бегалци (УНХЦР), вчера пред Советот за безбедност на ОН. Гранди, кој се обрати пред Советот преку видео-конференциска врска од Женева, истакна дека работел на […]

Твитер и Фејсбук ги ограничуваат вестите за Русија


САД– Компанијата Мета, сопственик на Фејсбук, и Твитер го ограничуваат присуството на вести од руски државни информативни изданија на нивните платформи. Ограничени се само медиумите, обвинети за ширење дезинформации во врска со инвазијата на Москва врз Украина. Технолошките платформи станаа дополнителен фронт за меѓународен напад, како и на големиот број лажни вести. Мета соопшти дека […]

Грција суспендира соработка со руски културни организации и ја откажа балетската претстава „Лебедово езеро“


Грција – По наредба на министерката за култура на Грција, Лена Мендони се суспендираат било какви културни настани во Грција и соработки со руски организации, а веќе се откажани и два настана планирани оваа седмица, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за култура на Грција соопштија дека се откажани Гала опера закажана за 3 […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 1 март 2022 година, 60-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 305 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 11 минути, а ќе зајде во 17 часот и 22 минути. Денов трае 11 часа и 11 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее […]

Зеленски ги укинува визите за странци


Украина – Украинскиот претседател Володимир Зеленски времено ги суспендира условите за влезна виза за сите странски државјани кои се подготвени да се приклучат на украинската Меѓународна одбранбена легија и да се борат на страната на Украина против руската инвазија. Указот на Зеленски ќе стапи во сила од денеска и ќе остане во сила се додека е […]