Украина: Во војната убиени се 117 деца


 

Украинскиот парламент утрово објави дека од почетокот на руската инвазија на Украина убиени се 117 деца, а 155 се ранети во нападите на руските сили.

Најголем број жртви се забележани, како што тврди украинскиот парламент, во Киев, харкив и во Чернихив, на северот на земјата.

Потсетуваме дека ОН на Твитер објави дека најмалку 925 цивили се убиени во Украина. Тие велат дека од почетокот на руската инвазија се регистрирани 2.421 цивилна жртва, од кои 925 загинале, а 1.496 се повредени.

Најмалку 75 деца загинаа, а 99 се повредени. Тие додаваат дека жртвите главно биле предизвикани од гранатирање и воздушни напади. ОН велат дека реалниот број на загинати најверојатно ќе биде многу поголем.

Од 925 убиени, во извештајот на ОН се вели дека 183 мажи, 137 жени, 11 девојчиња и 25 момчиња, 39 мали деца и 530 лица чиј пол е непознат, починале.