Концерт на „Диши љубов“ во петок во Филхармонија


На 25 март во петок, во концертната сала на Филхармонија, музичко-поетскиот и визуелен перформанс насловен „Диши љубов“ ќе ја одржи својата премиера. Бендот е составен од Џијан Емин – гитара, вокал, Драган Гиновски – гитара, Ади Имери – гитара, вокал, Дарко Мучев – бас гитара и Гоце Стевковски – тапани. Како што рече на денешната […]

Нејмар е најплатен играч во Лига 1, втор е Меси, трет Мбапе


Изданието L’Equipe објави рангирање на најплатените играчи во фудбалскиот шампионат на Франција. Во топ 20 на рангирањето има 18 играчи на ПСЖ. Најмногу во Лига 1 добива Нејмар, напаѓачот на парискиот тим – 4,083 милиони евра месечно. Второто место на рангирањето го зазеде соиграчот на Нејмар, Лионел Меси со 3,375 милиони евра месечно. На третата […]

Прв хакатон за раскажување на културното наследство со користење на нови технологии


Во организација на Центарот за социјални иновации БЛИНК 42 – 21 на 5. и 6. април годинава во Скопје ќе се одржи првиот хакатон за развој на концепти за нови културни доживувања, со користење на имерзивни технологии, кои ќе бидат дел од првата мобилна апликација „Имерсиум“ (Immersium) за археолошките локалитети: „Стоби“ (Македонија), „Емона“ (Словенија) и […]

Во друштвата за управување со инвестициски фондови и во брокерските куќи кај нас нема руски капитал


Ескалацијата на руско-украинскиот конфликт и предизвиците кои овие случувања ги наметнаа пред се, на енергетски план, генерално гледано доведоа до првични негативни рефлексии врз тргувањето на Берзата, проследено со одраз на цените на акциите, кои се движеа од првичен и еднократен пад од 8,39 отсто на МБИ 10 на берзанскиот ден кога започнаа воените дејствија, […]

„Мирно лето“ на Димитрие Османли е прво блуреј издание на македонски филм


На 25 март (петок) во 12 часот во Кинотеката на Македонија ќе биде промовиран блуреј (bluray) дискот со дигитално реставрираната верзија на МИРНО ЛЕТО на Димитрие Рули Османли. Ова е прво блуреј издание на македонски филм. Кинотеката минатата година ја реализираше дигиталната реставрација на првата македонска филмска комедија МИРНО ЛЕТО. Главните улоги ги толкуваат Љупка Џундева и Слободан Перовиќ, како Дара […]

Текстилните компании имаат зголемени нарачки од странските партнери


Пазарите во Европа се отворија по корона кризата, по што македонските текстилни компанија бележат зголемени нарачки од странските партнери. Ангел Димитров менаџер на фабриката „Мода“ во Свети Николе и член на Организацијата на работодавачи вели дека дел од странските компании производството на текстил во моментов сакаат да го преселат од Украина или некои други земји. […]

Во Грција активни 130.000 случаи на Ковид-19


Грција– Текот на пандемијата во Грција покажува јасен нагорен тренд во последните две-три седмици, во просек новите случаи во изминатите седум дена повторно надминаа 20.000, додека вкупниот број активни случаи на територијата се зголеми на 130.000, рече професорката епидемиолог Вана Папаевангелу на редовната прес-конференција за ситуацијата со Ковид-19 во Грција и откри дека е зголемен и […]

ЕУ министрите денеска за енергијата, цените и ЕУ перспективата на Украина


Министрите за европски прашања денеска се состануваат во рамките на Советот за општи работи за да го подготват ЕУ самитот кој ќе се одржи в четврток и петок, Украина – главна тема, јавува дописничката на МИА од Брисел. Како и обично министрите за европски работи го подготвуваат мартовскиот Европски Совет, каде шефовите на држави и […]

Николовски: Србија за 7 до 10 дена ќе ја тргне забраната за извоз во Северна Македонија


Во рамки на инструментите што ги нуди Отвoрен Балкан, денеска во Белград министерот за земјоделство, шумарство и водостапанство Љупчо Николовски на работниот состанок со српскиот вицепремиер и министер за земјоделие Бранислав Недимовиќ, постигна договор во следните 7 до 10 дена да се тргне забраната за извоз од Србија во Северна Македонија на производите пченица, пченка, […]

Културата во фокусот на состанокот на Четвртата работна група за соработка меѓу Македонија и Бугарија во Софија


Во Софија, Република Бугарија, денеска, 22.3.2022 г.,  ќе се одржи третиот состанок на  Четвртата работна група за билатерална соработка меѓу двете земји, која во фокусот ги има културата, образованието и науката, туризмот, младите и спортот. На состанокот ќе учествуваат министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерот за образование и наука Јетон Шаќири и директорите на Националната агенција за европски образовни програми […]

Дури 65 отсто од германските инвеститори не ги предвиделе трошоците од недела неработен ден


Кај 39 проценти од стопанствениците нема зголемување на трошоците кои се однесуваат на персоналот со воведување на ден недела како ден на неделен одмор, но кај 12 проценти од нив има раст на трошоците поголем од 30 отсто, додека кај останатите испитаници растот е помеѓу 10 и 30 проценти. Ова го покажуваат резултатите од анкетата […]

„Бајки од Македонија“ и „Басни од Македонија“ отсега и на јапонски јазик


Бајките „Момчето што се скри во златното јаболко“, „Вејко Северко“, „Двата цара“, „Девојчето и дванаесет месеци“ и басните „Војската на лавот“, „Лакомата меца“, „Кучето и зајакот“ и „Жабата и зајакот“ што се дел од изданијата „Бајки од Македонија“ и „Басни од Македонија“ отсега се достапни и на јапонски јазик. Според Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на […]

Од најзрели до потполно незрели: Астролозите откриваат како се однесуваат хороскопските знаци во животот и во љубовта


Ѕвездите веќе одредиле уште при раѓањето дали ќе ги мразите наметнатите обврски и овластувања или ќе бидете одговорни и секогаш подготвени за работа. Дали некогаш сте се запрашале зошто некои луѓе се несериозни, површни и неодговорни? Астролозите открија кои хороскопски знаци се најзрели, а кои најдетски. Јарец Припадниците на овој знак се најзрели во хороскопот, […]

Во 2021 реализирани 79 отсто од капиталните инвестиции


Минатата година реализиравме 79 отсто од капиталните инвестиции и со истото темпо продолжуваме и оваа година. Патиштата имаат значаен удел во овие инвестиции. До крајот на мандатот во 2024 година моја цел како премиер и на оваа Влада е да имаме модерни и безбедни патишта што ќе значат побрзо движење, но и силна и развиена […]

Одземени ингеренциите на Општина Битола за градинките „Естреја Овадија – Мара“


  БИТОЛА -Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ги одзеде надлежностите на Општина Битола, на градоначалникот Тони Коњановски и Советот на  општина Битола за управување со установата „Естреја Овадија – Мара“, која во својот состав има 9 градинки. Причината за ваквиот потег на Министерството е неизгласувањето на седница на Советот на членот на Управен […]

Приведена скопјанка за издржување затворска казна


Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи – Кисела Вода при СВР Скопје вчера во 15.30 часот на улица „Васко Карангелевски“ во Скопје, ја лишиле од слобода скопјанката Д.Ѓ. (42). Таа била барана со судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело „загрозување на безбедност во сообраќајот“ по член 297 од Кривичниот законик. […]

Вториот дел од експресниот пат Градско-Прилеп се очекува да биде готов следната година


Интензивно се одвиваат градежните активности за изградба на експресниот пат Градско–Прилеп, кој е еден од најзначајните патни правци во државата каде дневно поминуваат и над 6 илјади возила од сите категории, изјави премиерот Димитар Ковачевски, при увидот во изградбата на втората фаза од експресниот пат, на потегот Фариш-Дреново, соопшти денеска владината прес-служба. Ковачевски информираше дека […]

Пролетна акција за собирање електронски отпад во Општина Аеродром


Општина Аеродром во соработка со „Нула отпад“ реализира бесплатна пролетна еко-акција за собирање електронски и електричен отпад од домаќинствата и компаниите на целата територија на општината. Граѓаните и правните лица можат секој ден да се јават на еколонијата 070 236 000 и да ги пријават непотребните електрични и електронски уреди за преземање од прагот на […]

Дневно по една шолја од овој чај го смирува удирањето на срцето


Едноставен ритуал и евтин пијалок можат да ја смират напнатоста и палпитациите. Вечерните ритуали се корисни за постепено смирување на телото пред спиење. Доволно е некој да се истушира и да прочита неколку реда книга пред да заспие, но многумина ги мачи напнатоста, па дури и чувството на глад, мачнина или палпитации. Ако чувствувате дека […]

Започна судскиот процес против Бекер кој е обвинет за прикривање имот


 Во Лондон започна судскиот процес против Борис Бекер, обвинет за непочитување на законската обврска за откривање финансиски информации. Станува збор за периодот од мај до октомври 2017 година, кога се водеше случајот за стечај на поранешниот прв рекет на светот. Бекер ги негира обвинувањата за сите 24 точки, кои вклучуваат криење тениски трофеи, недвижен имот […]