Дневно по една шолја од овој чај го смирува удирањето на срцето


Едноставен ритуал и евтин пијалок можат да ја смират напнатоста и палпитациите.
Вечерните ритуали се корисни за постепено смирување на телото пред спиење. Доволно е некој да се истушира и да прочита неколку реда книга пред да заспие, но многумина ги мачи напнатоста, па дури и чувството на глад, мачнина или палпитации.

Ако чувствувате дека сакате да посегнете по некоја храна, но сте свесни дека не треба да јадете пред спиење, обидете се да испиете шолја млак чај од нане. Другите видови на чај, како и кафето, може да ги влошат овие проблеми, особено црниот чај, кој има многу кофеин.

За разлика од него, чајот од нане има смирувачки ефект врз телото и умот. Може да ги ублажи дури и отчукувањата на срцето, а во исто време го опушта дигестивниот систем. Угодно им е и на луѓето кои патат од мачнина.

Важно ограничување се однесува на оние кои страдаат од горушица или рефлукс на киселина. Забележано е дека нането може да ги влоши нивните тегоби, па затоа треба да се воздржат од овој чај.