(Галерија) Пролетта измамува воздишки


Пролетта е годишно време кое секогаш измамува воздишки за што секако придонесува и будењето на природата од зимскиот сон.

Годинава времето беше постудено од вообичаено од она што сме навикнати во март, особено навечер и наутро, но тоа не ги попречи дрвјата да расцветаат.

За среќа, временската прогноза за наредните денови предвидува постепено затоплување и збогување со минусните ноќни температури, иако во нашите краишта никогаш не е исклучено тие да се повторат. Во следните денови ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност, прогнозираат синоптичарите.

Во неделата и календарски пристигна пролетта, како што пресметаа астрономите, пролетната рамнодневница беше во 16 часот и 33 минути.

Како и да е, пролетта се повеќе ќе ја покажува раскошта на природата, па не е чудно што многумина ја сметаат за најубавиот период во годината.

А, доказ за тоа се и фотографиите на репортерот на Независен, Боро Грданоски, направени во Скопје.

(Фото: Б. Грданоски)