Русија им нареди на медиумите да ги избришат сите текстови за истрагите на Навални


  Русија во понеделникот се закани дека ќе блокира најмалку 10 новински куќи доколку не го избришат покривањето на видео-истрагите на затворениот критичар на Кремљ Алексеј Навални за корупција на високо ниво, кои сега се формално забранети како „екстремистички“. Независната телевизија Дожд соопшти дека добила наредба да отстрани шест написи. На радио станицата Ехо Москва […]

Шпанија избра песна за „Евросонг“, Србите обвинија за плагијат на песна од 2017 година (видео)


Шпанија– Шпанците викендов ја избраа песната за овогодишниот „Евросонг“ во Торино. Станува збор за „SloMo“ на пејачката Шанел. Но, по изборот, многумина препознаа плагијат кон српската турбо-фолк пејачка Дара Бубамара и на нејзината песна „Extravagantno“ од 2017 година. И Србинката ја сподели песната на Инстаграм, со кус саркастичен коментар – „Малку сте ме ископирале“. 

Англиски научници: Хоспитализираните имаат бројни ризици по излегувањето од болница


  Пациентите кои преболеле Ковид-19 и поради тоа биле во болница, се соочуваат со бројни здравствени ризици во месеците по отпуштањето од болница, заклучија англиски научници. Споредувајќи 24.673 пациенти заболени од Ковид-19 кои преживеале најмалку една недела по излегувањето од болница со 123.362 лица на слична возраст во општата популација, научниците забележале двојно поголем ризик […]

Комисијата за заразни болести доби нов претседател – д-р Александар Петличковски


За прв пат по избувнувањето на пандемијата на корона вирусот во Комисијата за заразни болести дојде до значајни промени. За нов претседател на Комисијата е избран професорот и директор на Институтот за имунологија д-р Александар Петличковски. Седницата на Комисијата за заразни болести се` уште трае и нема информации дали досегашниот претседател епидемиологот д-р Жарко Караџовски […]

Пролонгирано стапувањето во сила на Законот за задолжителна вакцинација во Австрија


Иако новиот Закон за задолжителна вакцинација во Австрија требаше денеска да стапи во сила, сепак за негова примена мора да почека одобрение од покраинскиот дом на Парламентот и потпис од претседателот на Австрија, Александар ван дер Белен. Австрискиот парламент со големо мнозинство го усвои Законот за воведување задолжителна вакцинација против коронавирусот, но за тој да стапи […]

За САД Бугарија е „доверлив сојузник“


  Американскиот заменик-државен секретар Венди Шерман во телефонски разговор му се заблагодари на бугарскиот премиер Кирил Петков што се однесува како доверлив сојузник на НАТО за време на кризата околу Украина. „Заменик-секретарот Шерман му се заблагодари на премиерот за улогата на Бугарија како доверлив сојузник на НАТО околу ескалациските акции на Русија кон Украина и […]

Скопјaнец заедно со малолетник силувале малолетничка од Тетово


Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 11 часот и 40 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, го лишиле од слобода 54-годишниот А.Д. од скопско Арачиново, поради сомнение дека заедно со малолетник од Скопје, со кого одржувала контакт преку социјалните мрежи, на 29-ти овој месец во Тетово извршиле обљуба на малолетничка од Тетово. Тој е […]

Кривокапиќ за утре закажа итна седница на црногорската Влада, можно е да поднесе оставка


 Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ за утре закажа итна седница на владата, со се уште непознат дневен ред, пишува подгоричкиот весник „Побједа“. Повикувајќи се на информации од два владини извори, весникот пишува дека членовите на Владата за утрешната седница биле информирани телефонски. -Вообичаено е поканата за седницата да се испраќа по електронска пошта, како и дневниот […]

Вкупно 183 санкции за пребрзо возење


Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе зајакната акциска контрола на територија на цела држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 183 возачи. Од нив, како што информира МВР, деветмина се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. […]

Почна состанокот на Советот за безбедност


Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски започна седницата на Советот за безбедност, на која ќе биде разгледана актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот и пошироко. На седницата присуствуваат редовните членови на Советот, како и Еролд Муслиу, директор на Агенцијата за разузнавање, Виктор Димовски, директор на Агенцијата за национална безбедност и генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, началник […]

Жителите на Центар пратки ќе подигаат во доставната пошта во зградата на поранешна „Нова Македонија“


АД „Пошта“ заедно со својот партнер Халкбанка денеска ја промовираше новата услуга „Пошта поблиску до граѓаните“, која им овозможува на граѓаните од Општина Центар сите пратки кои не ги добиле во текот на денот, да си ги подигнат во просториите на зградата на поранешна „Нова Македонија“. Во рамки на оваа мисија, генералниот директор на АД […]

„Грин Машинс“ од Велес годинава стартува со испорака на возила во Франција


И оваа година, успешен старт на „Грин Машинс“од Велес. Одржувањето хигиена на најразлични надворешни површини , веќе по дефиниција им припаѓа на возилата од брендот „Грин Машинс“. Овие еколошки се поатрактивни возила ги исполнуваат сите  критериуми на системот за управување со квалитет и животна средина. Во светски рамки, „Грин Машинс“ преку овие возила ја промовира […]

Одбележана 80-годишнината од Игманскиот марш


  Голем број учесници од неколку постјугословенски земји се собраа во саботата, 29 јануари, на Велико Поле на планината Игман кај Сараево за да ја одбележат 80-годишнината од Игманскиот марш, една од најважните тактички операции од раната фаза на Народно-ослободителната борба. Комеморацијата ја организираше Здружението на антифашисти и борци од НОБ на кантонот Сараево. По […]

Русија ја уценува Бугарија за гасот


Руската амбасадорка во Бугарија, Елеонора Митрофанова, во интервју за ТВ Нова, коментирајќи ги претстојните разговори меѓу „Газпром“ и Бугарија за идните испораки и новиот договор меѓу двете земји, кажа дека не е исклучено конкретните услови да зависат од позицијата на Бугарија кон Русија. Митрофанова кажа дека Русија секогаш, дури и во најтешките времиња, била доверлив […]

Објавен превод на „Колибри“ – најдобар италијански роман во 2020 година


Во издание на „Или-Или“ објавен е превод на романот „Колибри“ од Сандро Веронези, најдобар италијански роман во 2020 година, актуелен добитник на „Стрега“ (Premio Strega) –  престижната  книжевна награда во Италија. Издавачката куќа соопшти дека одлучила да го објави овој роман бидејќи романот „Тивок хаос“, за кој  Веронези ја доби исто така оваа награда во […]

Од петок стабилизирање на времето, за викендот до 13 степени


Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно и студено време со слаб локален снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено во четврток во источните делови. Како што соопшти УХМР, од петок времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Утре минималната температура ќе се движи од […]

Подгответе се за Garage Sale во „Рамстор мол“


Во „Рамстор мол“ почнува традиционалната шопинг-манија Garage Sale. И овој патод 2 до 8 февруари правиме чистка, вадиме сѐ надвор! „Рамстор мол“ и оваа година традиционално, по 16. пат, широко ги отвора вратите за сите посетители и подготвува неверојатна понуда на облека, накит, обувки, спортска опрема, аксесоари, книги, играчки, предмети за домаќинство, намалени дури до 70%. […]

Грантови за развој на мултикултурализмот ќе добијат 70 основни и 25 средни училишта


 Седумдесет основни и 25 средни училишта во државава ќе добијат грантови за реализација на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикулурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција во основните и средните училишта за учебната 2021/2022 година. Министерството за образование и наука на својата веб-страница ги објави резултатите од Јавниот повик за доделување средства со цел да се промовираат […]

Нови семафори за поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот


Продожуваат активностите на Град Скопје и јавното претпријатија „Улици и патишта“ за зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот, преку реконструкција на постојната и поставување на нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.  Деновиве се пуштени  во употреба новите семафори со прекинувачи за најава на пешаци на крстосница на улица „Скупи“ со улицата која води […]

Во Бугарија од Ковид-19 починаа 158 пациенти


Во последните 24 часа во соседна Бугарија од последиците на Ковид-19 починале 158 пациенти. Регистрирани се 10.151 случај со корона вирус од 42.246 тестирани. Во болница се лекуваат повеќе од 5.000 пациенти, а повеќе од 500 се на интензивна нега.  Досега, од почетокот на пандемијата од корона вирус се разболеле 951.965 луѓе, а починале вкупно […]