Варвициотис: Се обидуваме да олесниме во тргањето на бугарското вето


 Се обидуваме да олесниме во отстранувањето на кои било тешкотии што постојат во моментов поради бугарското вето за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, изјави алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милтијадис Варвициотис за време на Комисијата за европски прашања во грчкиот Парламент, но и паралелно посочи дека европската перспектива на земјава […]

Единствен начин да се намали бројот на реинфекции е вакцинацијата против Ковид-19


Омикронот може да го избегне имунитетот постигнат од прележување на делта варијантата и може да го избегне и имунитетот кој е постигнат со вакцина ако таа е примена долго време претходно. Затоа единствен начин да се намали бројот на реинфекции останува вакцинацијата против Ковид-19, вклучително третата доза за која има многу студии кои укажуваат дека […]

Либан нема пари за плати на дипломатите, па бара тие да си најдат донатори


Поради финансиски проблеми, Либан доцни со исплатата на платите на своите дипломати, па ги советуваше да бараат донатори за покривање на основните деловни трошоци, бидејќи во спротивно може да се затворат голем број амбасади. Во официјалното писмо од 25 јануари, Министерството за надворешни работи побара од амбасадорите да побараат помош од дијаспората и да го […]

Се бара јавна расправа за предлог-измените на Законот за урбанистичко планирање


Триесет и пет невладини организации, граѓански иницијативи, академски и научни институции доставија заедничко Барање до Министерството за транспорт и врски за јавна расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање. Со дописот, потпишаните организации изразуваат загриженост дека дел од предложените законски измени може да предизвикаат долгорочни штетни последици врз природата и […]

Кој сѐ си го „стопли“ џебот од битолската „Зимска приказна“


  БИТОЛА – Новогодишната манифестација на општина Битола насловена „Зимска приказна“ организирана во дворот на обновениот Офицерски дом, еден месец по дочекот на Новата година ја бранува битолската јавност, особено прашањето кој сѐ од власта ќарил од оваа манифестација и дали новата локална самоуправа поддржува непотизам. Во нејзината организација и реализација се споменуваат звучни имиња […]

Изгледот на бремената Ријана ја зголеми побарувачката за „Шанел“


САД- Ријана отсекогаш била позната како една од најстилските ѕвезди на нашата генерација, па не треба да чуди што модните пребарувања се зголемија по објавувањето на нејзината бременост. Поп-ѕвездата и милијардерка, која го очекува своето прво дете со момчето А$АП Роки, ја објави својата бременост на фотографии облечена во светло розова пуфер јакна од Шанел […]

Кои се новите членови на Комисијата за заразни болести?


  Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство денеска одржа состанок во новиот состав. Комисијата е формирана и надградена, рече денеска на прес-конференција министерот за здравство Беким Сали. Проф. д-р Александар Петличковски од Институтот за имунологија и хумана генетика е назначен за претседател на Комисијата, а д-р Злате Мехмедовиќ за нејзин портпарол. Министерот Сали […]

Ковачевски на средба со поглаварите на верските заедници: Добрата соработка ќе продолжи


Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со поглаварите на верските заедници во земјава – на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи, на Католичката црква, монсињор Киро Стојанов, бискуп скопски и струмичко-скопски епарх, со претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви и со […]

ДОМ се залага за една изборна единица без праг и отворени листи со 50 проценти жени


ДОМ се залага за изборен модел со една изборна единица без изборен праг и отворени листи на кои 50 проценти ќе бидат жени на листите, изјави денеска пратеничката претседателка на зелената партија ДОМ, Маја Морачанин, по средбата во Собранието со претставници на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Морачанин истакна дека на средбата со координаторот на Пратеничката […]

Скринингот на учениците за Ковид-19 ќе биде со брзи тестови


Скринингот на учениците за Ковид-19 се размислува да биде со брзи тестови, кои не се премногу на број, но 10.000-20.000 тестови се на располагање и ќе биде на случајни ученици со цел да ја видиме вкупната застапеност на вирусот во овие старосни групи, изјави денеска доктор Александар Петличковски, кој е нов претседател на Комисијата за […]

Герасимовски: Почнуваме со урбанизација и модернизација на Крњево и Маџир Маало


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави нови градби, урбанизација и модернизација на населбите Крњево и Маџир Маало. Тој во интервју за Националниот сервис МРТ, изјави дека населбите Крњево и Маџир Маало, како едни од најстарите маала во Општина Центар, неопходно е да бидат урбанизирани и да добијат модерен лик. Герасимовски рече дека ДУП –от […]

Од Тоше до Мартиноски- министерката за култура го почна мандатот од Крушево


– Ако трагите што ги оставаме зад себе говорат за нашето постоење, тогаш споменот на Тоше, на неговиот глас и дело засекогаш ќе продолжат да живеат меѓу нас – рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, за време на работна посета на Спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево. Костадиновска-Стојчевска беше информирана за активностите на оваа национална […]

Што би значела војната со Украина за обичните Руси?


Во годините по руската анексија на Крим во 2014 година, просечниот Русин ги гледаше повеќето домашни настани, вклучително и социјалните и економските проблеми, како дел од новата нормала. Дури и вонредните аспекти како западните санкции беа сфатени како рутина. Сега нешто слично се случи со перцепциите за војна. Најмалку од 2014 година (и, веројатно, од […]

ВМРО-ДПМНЕ се сретна уште со тројца лидери на политички партии за изборниот модел


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска оствари средби со тројца пратеници, претседатели на политичките партии – ДОМ, Демократската партија на Турците – ТДП и Српската странка во Македонија, на која стана збор за изборниот модел, при што беше утврдено дека партијата има две заеднички гледишта со овие политички субјекти. Ова денеска го соопшти пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, […]

Дали треба да се тушираме кога сме болни? – Во овој случај е опасно капењето..


Дали да се капеме за време на болест? Ова прашање е предмет на полемики со децении, а еве што велат лекарите … Дури и да ја исклучиме појавата на омикрон во земјава, која има симптоми многу слични на грипот, сезоната на настинки сеуште трае. И сите знаеме што треба да направиме за да се заштитиме […]

Македонија и Бугарија договорија механизам против дискриминација на инвестиции


  Македонско-бугарската Работна група за економија, трговија и иновации на денешниот прв работен состанок во Скопје, договори воспоставување механизам против дискриминација на инвеститорите. Како што соопштија министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за иновации и раст на Бугарија, Даниел Лорер по состанокот, се разговарало и за други конкретни проекти од областа на иновациите, земјоделството, […]

Сите автобуси на „Беса Транс“ за Истанбул биле без дозвола


Истрагата на Царината покажа дека сите автобуси на Беса Транс кои транзитирале кон Истанбул биле без дозвола за транспорт на патници, соопштиле за Алсат од Цраината по завршената истрага за трагедијата која се случи во Бугарија и во која загинаа 45 патници. „Утврдено е дека не било извршено евидентирање на 5 превозни средства (автобуси) во […]

УКИМ падна за 100 места во светското рангирање на универзитетите


Во јануари 2022 година рејтингот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје на светската листа на универзитети е 1.594. Пред само шест месеци таа бројка беше 1.493. Од регионот, во првиот дел од оваа табела, меѓу првите 500, се универзитетите во Белград, Љубљана, Прага, Будимпешта, Брно, Загреб…  Оваа организација („Webometrics Ranking of World Universities”) рангирањето на […]

Руски авион „Ил-76“ спаси 300 напуштени миленици од Кабул


 Руски транспортен авион „Ил-76“ спаси речиси 300 напуштени миленици од Кабул, Авганистан, а тие својот нов дом ќе го најдат в Канада. – Авионот е апсолутен „ѕвер“ – Илушин 76-ТД, дизајниран да лета над Сибир среде зима. Затоа, не очекуваме доцнење поради зимата, рече Шарлот Максвел-Џонс од кабулската организација „Kabul Small Animal Rescue“. Станува збор […]