УКИМ падна за 100 места во светското рангирање на универзитетите


Фото: Б. Грданоски

Во јануари 2022 година рејтингот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје на светската листа на универзитети е 1.594. Пред само шест месеци таа бројка беше 1.493. Од регионот, во првиот дел од оваа табела, меѓу првите 500, се универзитетите во Белград, Љубљана, Прага, Будимпешта, Брно, Загреб… 

Оваа организација („Webometrics Ranking of World Universities”) рангирањето на универзитетите во светот го прави повеќе од 15 години и според методологијата се мерат научните достигнувања на персоналот по универзитетите и нивното влијание во светот.

Според оваа листа од Македонија следни универзитети според рејтингот се универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип (3.711), Југоисточниот универзитет во Тетово (4.547), Тетовскиот универзитет (4.610), „Свети Климент Охридски“ од Битола (6.304)…