Од денес Македонија повторно има амбасадор во Италија


 Пополнувањето на испразнетите амбасадорски места е приоритет на надворешната политика и затоа особено ме радува што веќе од денес новиот амбасадор на Северна Македонија во Италијанската Република, Весел Мемеди ќе започне активно да ја извршува мојата функција, објави на Фејсбук шефот на дипломатијата Бујар Османи.   – Италија е пријателска и важна земја, поддржувач на […]

Во САД се спрема вакцина против Ковид за деца под пет години


Фармецевтот„Фајзер“ и неговиот германски партнер „Бионтек“ денеска треба да побараат од Управата за храна и лекови (ФДА) да одобри употреба на нејзината вакцина против Ковид-19 за деца под пет години. Двете компании бараат од ФДА одобрување за итна употреба за да се администрира нејзината вакцина  со две дози на деца од шест месечна возраст и нагоре, иако уште во декември објавија дека вакцината не продуцирала […]

Нестле ќе им плаќа на земјоделците во Африка децата да одат на училиште место да собираат какао


Пред речиси две децении, големите компании ветија дека ќе престанат да користат какао што го собираат децата, но не успеаја да преземат значајни чекори. Производителите на чоколада се соочуваат со зголемен притисок од инвеститорите, потрошувачите и владите да се осигураат дека зрната какао не се произведуваат со детски труд во Западна Африка. Сепак, најголемиот дел […]

Човек кој извршил убиство во Македонија, фатен во Србија


Човек кој извршил убиство во Македонија е уапсен во Србија.  Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија во Белград го уапсија О.Ж. (1984) по потерница од Северна Македонија за издржување затворска казна за убиство извршено во Македонија, oбјави денеска Министерството за внатрешни работи. Постапката против О.Ж., на барање на македонското Министерството за правда, а […]

Во четири земји во светот короната не влегла – станаа феномен


  Во четири од 193 земји членки во Обединетите нации, не е забележан ни еден случај со корона вирус. Две се во Азија, а две во Океанија. Од почетокот на светската пандемија со корона вирус во само четири земји во светот не е забележан ниту еден заболен од Ковид-19. Според Светската здравствена организација, заразени има […]

Денес нови 2.000 случаи и 35 починати лица од Kовид


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 5.779 тестови, а регистрирани се 2000 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 1.096, Битола – 123, Кавадарци – 108, Куманово – 96, Тетово – 75, Прилеп – 60, Велес – 58, Гевгелија – 39, Струмица – 38, […]

ОМО „Илинден-Пирин“ го обвинува Радев дека зборува лаги и клевети


  Реакциите се тркалаат како снежна топка по посетата на претставници на здруженијата на Македонците од Бугарија кај претседателот Стево Пендаровски. По денешната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев дека имало „сепаратистички ставови и малцинские тврдења“ од здружението на Македонците во Бугарија ОМО „Илинден – Пирин“ експресно одговорија дека неговите зборови биле неодговорни. „Неговата изјава […]

Пендаровски: Ако некому му пречи средбата со Македонците од Бугарија, тоа не е мој проблем


  Шефот на државата, Стево Пендаровски, по сeдницата на Советот за безбедност порача дека нема ништо спорно во неговата средба со преставниците на организациите на Македонците во Бугарија, дека таа не била во спротивност со Договорот за добрососедство од 2017 година, дека изјавата по неа не била спорна исто така, со порака – ако  некому […]

Радев ги прекори Петков и Пендаровски – не му се допаѓа што прават


  Изгледа дека бугарскиот претседател Румен Радев почна да се чувствува дека е оставен настрана со „новиот пристап“ на премиерите Кирил Петков и Димитар Ковачевски за односите меѓу Софија и Скопје. Радев денеска го прекори премиерот Петков, кој беше министер во службената влада што ја именува тој, дека направил „избрзана посета“ на Скопје. А оцени […]

Андреј Пленковиќ го очекува третото дете


  Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и неговата сопруга Ана Маслаќ Пленковиќ го чекаат третото дете, а регионалните медиуми дознаваат дека двојката чека син, што потврдиле извори блиски до премиерот. Ана (42) е веќе во третото тромесечие од бременоста и добро се чувствува. Андреј и таа со голема радост ја чекаат приновата, а на братот се […]

СЗО: Постепено да се ублажуваат епидемиолошките мерки


 Многу земји не го достигнаа врвот на епидемискиот бран на високо преносливата oмикрон варијанта на корона вирусот, затоа мерките за сузбивање на неговото ширење треба постепено и внимателно да се ублажуваат, изјави денеска Марија Ван Керхове, шефица на техничкиот оддел за Ковид- 19 во Светската здравствена организација. Шефот на СЗО за вонредни ситуации, Мајк Рајан […]

Европската комисија предлага итна помош од над милијарда за Украина


Белгија – Европската комисија предлага да итна макрофинансиска помош во износ од 1,2 милијарди евра за Украина откако претседателката фон дер Лајен разговараше со украинскиот претседател, јавува дописничката на МИА од Брисел. Предлогот за да се оствари треба да биде усвоен од страна на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент. Европската комисија нуди долгорочни заеми […]

Нови ковид протоколи за македонските граѓани за влез во Германија и Шпанија


Македонските граѓани кои ќе сакаат да влезат во Германија ќе мора да имаат сертификат за вакцина со две дози од призната вакцина од ЕМА/Германија со важност од девет месеци наместо досегашните 12 месеци, соопштија од Министерството за надворешни работи согласно препораките од Европската комисија. Сертификатот за вакцинација со три дози призната вакцина од Германија засега […]

Амнести го обвини Израел за апартхејд врз Палестинците


Израелските власти мора да одговараат за спроведувањето апартхејд врз Палестинците, соопшти денеска Амнести интернешенел во најновиот остар извештај. Во него се наведени детали како Израел спроведува систем на угнетување и доминација против палестинскиот народ секаде каде што има контрола над неговите права. Ова ги вклучува Палестинците кои живеат во Израел и окупираните палестински територии (ОПТ), […]

Пак големи бројки на новозаболени во Србија – 19.214


Се чинеше дека Омикрон бранот на корона вирусот во Србија малку стивнува, но денешните податоци покажуваат дека заразата и натаму е многу голема. Според официјалните податоци, уште 58 лица починале во последните 24 часа како последица на корона вирусот во Србија, со што вкупниот број на жртви е 13.687, објавено е на веб-страницата на Министерството […]

Второто полугодие 11 училишта го почнаа со онлајн настава


Седум средни и четири основни училишта во земјава денеска го почнаа второто полугодие со онлајн настава, затоа што објектите се реновираат. Дел од учениците од ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во скопската општина Ѓорче Петров учебната година ја продолжија со онлајн настава. Како што информираше градоначалникот Александар Стојкоски во моментот се врши реконструкција на подовите […]

Османи и Маричиќ на разговори во Париз за европското досие на Македонија


Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре ќе престојуваат во работна посета на Париз, каде ќе остварат средба со Клеман Бон, државен секретар за европски прашања, и со Изабел Думон, дипломатскиот советник за Континентална Европа и Турција на претседателот на Франција, Емануел Макрон. Во фокус на разговорите ќе […]

Уапсениот дипломат Миле Миленкоски пуштен на слобода и се врати во Скопје


  Пет месеци Миле Миленкоски беше во екстрадициски притвор во Врање. Денеска, вторник, со одлука на Апелацискиот суд во Ниш, македонскиот дипломат е ослободен и се врати во Скопје, јави „Слободен печат“. Приказната за Миленкоски беше загадочна и озлогласена. Тој беше осомничен за вмешаност во евакуација на македонски бизнисмен осомничен за криминално активности во Ерменија, […]

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами позитивен на Ковид-19


Тетовскиот градоначалник Биљал Касами преку социјалните мрежи информираше дека е позитивен на Ковид-19. Додека е во изолација дел од обврските ќе ги исполнува од дома. -Сакам да ве информирам дека по резултатите добиени од тестирањето, сум позитивен на Ковид-19. Врз основа на препораките на Министерството за здравство, ќе ги почитувам препораките против Ковид со самоизолирање. […]