(Видео) Потоп во Еквадор – најмалку 24 лица загинаа во лизгање на земјиште


Најмалку 24 лица загинаа во огромен одрон во Кито, главниот град на Еквадор. Повредени се 48 лица, а 12 се водат како исчезнати. Обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето во близина на работничките населби во Кито во понеделникот вечерта, објави „Ројтерс“. Кал и камења паѓале низ падините на вулканот Пичинча над градот и однеле осум […]

Квебек се откажа од оданочување на граѓаните кои не се вакцинирани против корона вирусот


Властите во канадската франкофонска провинција Квебек соопштија дека ќе се откажат од оданочување на лицата кои не примиле вакцина против корона вирус, бидејќи најавата на таа мерка предизвика бурни реакции. Премиерот на покраината Франсоа Лего изјави дека решил да се откаже од оданочувањето поради поделбата во јавноста. – Со цел Квебек да оди напред во мирна атмосфера […]

Франција започнува со укинување на мерките против Ковид-19


Француската влада, по неколку други европски земји, како Велика Британија и Данска, денеска започнува со укинување на некои ограничувања за пандемијата на Ковид-19, одлука што предизвикува поделби во контекст на сè уште тензичната здравствена ситуација.   Франција започнува со укинување на мерките само неколку часа откако „Фајзер/Бионтек“ најави дека ќе бара итно одобрување во САД […]

Роналдо: Суперлигата ќе се случи порано или подоцна


Шпанија– Поранешниот најдобар фудбалер на светот, Бразилецот Роналдо го сподели своето мислење за создавањето на европската Суперлига. – Тоа ќе се случи порано или подоцна. Фудбалот секогаш се развива и се подобрува. Но, не знаеме како ќе заврши. Врвните клубови бараат се повеќе пари за да ги платат играчите кои вредат сЕ повеќе и повеќе. Суперлигата […]

Покривката на Гренланд загуби 4.700 милијарди тони мраз


Гренланд– Огромната ледена покривка на Гренланд изгуби 4.700 милијарди тони мраз за 20 години, што предизвика зголемување на нивото на океаните за 1,2 сантиметри, покажуваат новите податоци од данско истражување на Арктикот, објавено оваа недела. Тој волумен на стопен мраз, кој би ја покрил површината на САД со половина метар вода, е особено важен за брегот […]

Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови


Најниска температура во земјава изутринава е измерена на Попова Шапка, -11, во Маврово – 6, во Крушево – 5, во Берово – 3, Дебар -2, а  максимални четири степени се измерени во Гевгелија, соопшти УХМР. Во Маврови Анови наврна најмногу снег – 52 сантиметри, на Попова Шапка снежната покривка е 38, Пожаране – 32, во […]

Норвешка ги укинува повеќето мерки освен маска и растојание


Норвешка – Норвешка ќе ги укине поголемиот дел од преостанатите мерки воведени поради ширењето на Ковид 19, бидејќи е малку веројатно дека постојаното зголемување на бројот на случаи на коронавирус ќе го загрози здравствениот систем, изјави премиерот Јонас Гар Сторе. Норвешка влезе во делумно затворање во декември поради борбата против варијантата омикрон која брзо се шири, […]

Подваријантата на Омикрон е откриена во 57 земји


Швајцаарија– Подваријантата на омикрон која, според некои истражувања, би можела да биде позаразна од оригиналната варијанта на коронавирусот, е откриена во 57 земји, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Варијантата на коронавирус омикрон, која брзо се шири и мутира, стана доминантна варијанта во светот откако за првпат беше откриена во јужна Африка пред десет недели. Светската здравствена организација […]

Забрана за камиони на Ѓавато и патните правци Маврово-Дебар и Струга-Ќафасан


Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има за планинскиот превој Ѓавато и на патните правци Маврово-Дебар и Струга-Ќафасан, информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини […]

Османи и Маричиќ на разговори во Париз за европското досие на Македонија


Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе престојуваат во работна посета на Париз. Како што информира МНР, Османи и Маричиќ ќе остварат средби со државниот секретар за европски прашања во француското Министерството за Европа и надворешни работи, Клеман Бон и со дипломатскиот советник за континентална Европа и Турција […]

Преспанскиот договор на Уставен суд


Уставниот суд денеска ќе ја одржи третата седница на чиј дневен ред се три иницијативи и едно барање за заштита на права и слободи, како и еден предлог за одлучување по еден предмет. Пред уставните судии ќе се најде иницијативата поднесена од Здружението на граѓани за давање на правна помош на дискриминирани лица „Заштита од […]

Предавање на јапонски експерти за заштита на езерата и управување со културно наследство


Амбасадата на Јапонија во Скопје и Амбасадата на Јапонија во Тирана заедно со ЏАЈКА Алумни – Мак-Јамс денеска организираат предавање за регионална заштита на Охридското Езеро и промоција на туризам преку соодветно раководење на светското наследство, насловено „Балансирање на зачувувањето на животната средина и регионална/туристичка промоција на Охридското Езеро преку соодветно управување со локалитетите на […]

Синдикатот, работодавачите и Владата ќе ги вкрстат аргументите за минималната плата


Барањето за зголемување на минималната плата на 18.000 денари денеска треба да се најде на седница на Економско-социјалниот совет, која според најавите, треба да се одржи во 15 часот. За Сојузот на синдикати на Македонија, ова е последниот рок, а доколку не се постигне договор, најавуваат генерален штрајк. Од Владата велат дека минималната плата треба […]

Активни 14.783 случаи на Ковид-19, решенијата за изолација отсега на страницата на ДСЗИ


Решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација ќе се објавуваат на веб-страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и дополнително во Службен весник во најбрз можен рок, со цел брз проток на информациите, намалување на временската разлика меѓу моментот кога е констатирана потребата од изолација, издавањето на решението за изолација и неговото објавување. […]

Променливо облачно и студено, на места слаб снег


Времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. На места ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 1 до 7 степени. Во Скопје, променливо облачно и студено со […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 2 февруари 2022 година, 33-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 332 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 47 минути, а ќе зајде во 16 часот и 48 минути. Денов трае 10 часа и 1 минута. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее […]

Бугарија ќе изгради магистрален пат кон Северна Македонија


За време на сослушувањето на министерот за регионален развој и јавни работи на Бугарија Гроздан Караџов во парламентарна комисија, беше соопштено дека Бугарија ќе изгради два магистрални патишта од Бургас до Мало Трново до турската граница, а вториот – од границата кај Ѓуешево, Ќустендил до Дупница. Вториот магистрален пат, како што се планира, е од […]

Петков контра Радев: Посетата не беше избрзана, туку задоцнета


Бугарскиот премиер Кирил Петков се спротивстави на претседателот Румен Радев, кој го прекори дека неговата посета на Скопје била „избрзана“. Според Петков, посетата на Скопје „не само што не беше избрзана, туку и ужасно задоцнета“. „Вистината е дека изгубивме 30 години во овие односи. Не само што не се брзаше со мојата посета туку беше […]

Путин му нуди на Запад повеќе разговори за да се смират тензиите во Украина


  МОСКВА – Рускиот претседател Владимир Путин изјави во вторникот дека САД и нивните сојузници ги игнорирале главните безбедносни барања на Русија, но додаде дека Москва останува отворена за повеќе разговори со Западот за намалување на зголемените тензии околу Украина. Путин тврди дека е можно да се преговара за крај на ќор-сокакот доколку се земат […]

Решенијата за изолација ќе се објавуваат на сајтот на здравствениот инспекторат


На денешната 10 седница, Владата донесе заклучок и за начинот на изработување и доставување на решенија за изолација за лица кои се позитивни на КОВИД-19 или се контакти на позитивни лица. Според новиот предлог, решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација ќе се објавуваат навеб страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и дополнително […]