Забрана за камиони на Ѓавато и патните правци Маврово-Дебар и Струга-Ќафасан


Фото: Б. Грданоски

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има за планинскиот превој Ѓавато и на патните правци Маврово-Дебар и Струга-Ќафасан, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од синоќа, од 00:50 часот забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево и обратно преку планинскиот превој „Стража“ е укината.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.