Променливо облачно и студено, на места слаб снег


Фото: Б. Грданоски

Времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. На места ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 1 до 7 степени.

Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 4 степени.

В четврток ќе преовладува променливо облачно и студено време со слаб локален снег и ќе дува засилен северен ветер, особено во источните делови. Од петок времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.