Предавање на јапонски експерти за заштита на езерата и управување со културно наследство


Фото: Б. Грданоски

Амбасадата на Јапонија во Скопје и Амбасадата на Јапонија во Тирана заедно со ЏАЈКА Алумни – Мак-Јамс денеска организираат предавање за регионална заштита на Охридското Езеро и промоција на туризам преку соодветно раководење на светското наследство, насловено „Балансирање на зачувувањето на животната средина и регионална/туристичка промоција на Охридското Езеро преку соодветно управување со локалитетите на светското наследство“.

Професорот Јамасаки Масафуми и Ичики Шигеказу ќе го споделат своето знаење за јапонските искуства на овие теми со учесниците на предавањето за Охридското Езеро.

Воведен збор ќе имаат амбасадорот Савада од Амбасадата во Скопје и амбасадорот Такада од Амбасадата во Тирана. Настанот ќе го модерира проф. Ташко Ризов од Машински Факултет-Скопје и претседател на Мак-Јамс.

– Јапонија континуирано го поддржува развојот на капацитетите на македонските институции за третман на водите и животната средина преку програмите на ЏАЈКА (JICA). Во 2017 година Музејот на езерото Бива од Јапонија и Хидробиолошкиот институт од Охрид започнаа меѓусебна официјална соработка за двете езера, истакнаа од Амбасадата на Јапонија во земјава.