Во четири земји во светот короната не влегла – станаа феномен


 

Во четири од 193 земји членки во Обединетите нации, не е забележан ни еден случај со корона вирус.

Две се во Азија, а две во Океанија.

Од почетокот на светската пандемија со корона вирус во само четири земји во светот не е забележан ниту еден заболен од Ковид-19.

Според Светската здравствена организација, заразени има на сите континенти, освен на Антарктик.

Најголема земја во која нема потврдени случаи со корона вирус е Северна Кореа.

Втора азиска земја која не потврдила присуство на корона вирус е Туркменистан, иако се граничи со Иран, во кој од почеткот на пандемијата регистрирани се повеќе од 6,3 милиони заразени, како и со Казахстан, кој бележи 1,2 милиони случаи на зараза.

Останатите две држави во кои не е потврден корона вирус се наоѓаат во Океанија, а најмалата од четирите без корона вирус е Науру, која има само 12.000 жители.

Четвртата на списокот е Тувалу.