Вкупно 183 санкции за пребрзо возење


Фото: Б. Грданоски

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе зајакната акциска контрола на територија на цела држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што се санкционирани 183 возачи.

Од нив, како што информира МВР, деветмина се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Вкупно 75 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 108 надвор од населено место.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се вели во соопштението од МВР.